Почетна » Новости » Занимливости » „Многу ме малтретираат во мојот град“: 14-годишно исмејувано момче од Гостивар одушеви на „Суперталент“

„Многу ме малтретираат во мојот град“: 14-годишно исмејувано момче од Гостивар одушеви на „Суперталент“

Анди Исмаили ги одушеви сите присутни на „Суперталент“ во Хрватска.

14-годишниот танчар од Гостивар доби златно копче од Мартина Томчиќ и си обезбеди пласман во полуфиналињата на натпреварот за таленти.

За време на своето претставување, светскиот шампион во современи танци откри дека бил константно исмејуван поради изборот да стане танчар, но дека токму поради тоа тој денес е посилна личност.

„Во мојот град многу ме малтретираат. Тоа се случува секојдневно, 24/7. Кога луѓето ќе видат машки танчар, тоа им е нешто невообичаено. Затоа не сум изненаден. Еднаш ми се случи доста трауматично нешто. Една наставничка ми рече нешто многу навредливо. Кога еден тинејџер ќе слушне нешто такво, тоа веднаш му ја уништува самодовербата. Разбирам тоа да доаѓа од учениците. Да си малтретиран е фаза, тоа е нешто низ што сите минуваме. Но, од возрасна жена, не мислам дека е во ред.“

„Ме направи посилен. Поради тоа сум подобра и посилна верзија од себе“ – рекол талентираниот гостиварец.

Анди Исмаили Анди Исмаили

Анди започнал да танцува во 2017 година. Тој отишол со тетка си да ги однесе ќерките на танци кога наставничката по танц пуштила музика. Анди започнал да импровизира, покажувајќи го својот талент.

„Благодарен им сум на сите во моето семејство за жртвите кои ги направија за мене. Ме поддржуваа од првиот чекор во танцувањето. Многу им сум благодарен и би сакал да можам да им го подарам целиот свет за да им објаснам колку сум благодарен за сè.“

„Мојата цел е да покажам дека без разлика од каде доаѓаш, дури и ако си од мало село, можеби можеш да успееш во животот“ – рекол тој.

Анди Исмаили

Целосно видео погледнете тука.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11608 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.