Почетна » Новости » Занимливости » Мис Бугарија ѝ го подари фустанот од Мис Универзум на сиромашна мајка за ќерка ѝ, која е матурантка

Мис Бугарија ѝ го подари фустанот од Мис Универзум на сиромашна мајка за ќерка ѝ, која е матурантка

Виолина Анчева можеби не ја освои титулата „Мис Универзум“, но освои илјадници срца.

Претставничката на Бугарија за „Мис Универзум“ привлече големо внимание поради своето несебично дело. 21-годишната мисица ја подари креацијата со која се претстави на престижниот натпревар за убавина на самохрана мајка од Филипини, која не можела да си дозволи да ѝ купи блескав фустан на својата ќерка за матурата.

Мис Бугарија подари фустан

Неколку часа пред да си замине од Филипини, Анчева на Facebook објави своја фотографија, на која ја носи креацијата во мастило боја, и во описот напиша: „До моите пријатели од Филипини: Би сакала да го дадам како подарок мојот фустан од Мис Универзум, на некоја личност која навистина го сака и има потреба од него. Би сакала да го подарам фустанот на девојка која има потреба и не може да си дозволи да купи свој фустан за матурата следниот месец“.

Мис Бугарија подари фустан

Мајката Исај Галано за кратко време стапи во контакт со убавата девојка од нашето соседство и го освои прекрасниот фустан од дизајнерката Шери Хил за својата ќерка.

„Ти благодарам толку многу Мис Бугарија. Имаш прекрасно срце. Ти посакувам сè најдобро. Бог да те благослови тебе и твојата фамилија“ – напиша мајката во описот на фотографија од ќерка си во дводелната креација.

Мис Бугарија подари фустан Мис Бугарија подари фустан Мис Бугарија подари фустан

„Мислев да земам заем. Бидејќи таа навистина сака да оди на матурската прослава оваа година“ – изјавила сиромашната мајка, која со една плата едвај успева да „врзе крај со крај“ и да ги школува своите две деца.

МисВиолина Анчева и мајката Исај Мис Бугарија подари фустан Мис Бугарија подари фустан МисИсај со ќерка си позираат со фустанот Мис Бугарија подари фустан Мис Бугарија подари фустан

Погледнете и видео од Зира, ќерката на Галано, кога ќе се врати дома и ќе ја пронајде прекрасната креација наменета за нејзиниот голем ден.

A video posted by Violina Ancheva (@viviven) on

Мис Бугарија подари фустан

Со својот гест, Виолина стекна уште повеќе обожаватели. „Ти можеби не ја освои круната, но ги освои нашите срца. Ти си вистинска кралица“, „Самоуверено убава и со големо срце. Филипинците се горди на тебе и те сакаат“, „Бог да те благослови. Ти си мила, убава и прекрасна жена“ – се само дел од комплиментите кои пристигнуваа на нејзина адреса.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9503 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.