Почетна » Новости » Занимливости » Меланија Трамп – Југословенката која стана прва дама на САД

Меланија Трамп – Југословенката која стана прва дама на САД

Со победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, Меланија стана прва дама на највлијателната држава во светот.

46-годишната Словенка ќе го заземе местото на Мишел Обама во Белата куќа на 20 јануари следната година.

Меланија Трамп Меланија Трамп Меланија Трамп

Факти за Меланија Трамп

  • Израсна во Југославија.
  • Зборува пет јазици (словенечки, англиски, француски, германски и српски).
  • Таа е единствената прва дама која се има фотографирано гола за фотосесии.
  • Меланија е втората жена на претседател на САД која не е родена на американско тло. (Првата е Луиза Адамс, сопругата на Џон Квинси Адамс)
  • Како модел била ангажирана од врвни брендови и списанија.
  • Таа е трета сопруга на Доналд Трамп. Заедно имаат едно дете.
  • Нејзината венчаница чинеше над 100.000 долари.
  • Успешно лансира своја линија накит.
Меланија Трамп

Потекло

Меланија е родена на 26 април 1970 година во Севница, Словенија. Таа е ќерка на Амалија, креаторка на дезени во фабрика за детска облека и Виктор Кнавс, продавач на автомобили. Нејзината мајка уште од мали нозе ѝ ја „всади“ љубовта кон модата.

МеланијаМаж го вее американското знаме пред куќата во која живеела Меланија во Словенија

По завршувањето на средно училиште, Меланија своето образование го продолжи на Универзитетот во Љубљана, но по една година го прекина студирањето.

МеланијаМеланија на 16-годишна возраст

Работата како модел

Меланија направи голем чекор во светот на модата благодарение на фотографот Стане Јерко, која ја покани за пробна фотосесија кога таа имаше 17 години. „Таа имаше убави долги нозе и прекрасна долга коса“ – изјави тој.

Фотографиите на Јерко стигнаа до големи модни агенции кои ѝ ја отворија вратата на младата девојка кон светската модна индустрија. Имено, во 1988 година, таа потпиша договор со агенција за модели во Милано.

Меланија беше прогласена за прва придружничка на натпреварот за убавина „Look of the Year“ во Љубљана во 1992 година.

Откако со работна виза се пресели во Америка во 1996 година, Меланија нанижи бројни ангажмани од познати брендови и списанија, меѓу кои Vogue, Ocean Drive, Vanity Fair и Allure.

Меланија Трамп Меланија Трамп Меланија Трамп Меланија Трамп

Во 2000 година таа стана дел од специјалното издание на Sports Illustrated посветено на костимите за капење. Истата година, Меланија позираше разголена за насловната страница на машкото списание „GQ“.

Првата средба со Трамп

Меланија и Доналд се запознале во 1998 година на забава на време на модната недела во Њујорк.

Кога тој ѝ го побарал телефонскиот број, таа одбила да му го даде. Во интервју за „GQ“ таа призна што се вртело во нејзината глава: „Ако му го дадам телефонот, јас сум само уште една жена на која ќе ѝ се јави“. Меланија сакала да провери какви се неговите намери, па му го побарала неговиот број. Всушност, сакала да дознае дали тој ќе ѝ го даде неговиот бизнис или неговиот приватен број. „Каков број ќе ти даде, кажува многу за еден маж. Тој ми ги даде сите негови броеви“ – раскажала таа.

МеланијаМеланија и Доналд во 1999 година МеланијаМеланија и Доналд во 2004 година Меланија Трамп

Гламурозната свадба

Доналд ја побара раката на Меланија во 2004 година, а една година подоцна тие го изговорија судбоносното „Да“. Меланија е трета сопруга на Доналд, кој има четири деца од своите претходни бракови.

На свадбената прослава која се одржа во Палм Спрингс, Меланија блесна во венчаница украсена со 1.500 кристали. Невестинскиот фустан, дизајниран од Џон Галијано за модната куќа Кристијан Диор, чинел околу 100.000 долари.

Меланија Трамп Меланија Трамп Меланија Трамп Меланија Трамп

На свадбата меѓу бројните гости биле и Бил и Хилари Клинтон.

Меланија Трамп

Единствениот заеднички син на Меланија и Доналд, Барон Вилијам, се роди во март 2006 година. „Нашиот брак се промени кога го добивме Барон, бидејќи ни се променија приоритетите. Но, тоа не значи дека се сакаме или почитуваме помалку“ – изјавила Меланија за „Hello“.

Меланија Трамп Меланија Трамп Меланија Трамп Меланија Трамп

Љубовта кон модата

Нејзиниот стил е будно следен од критичарите и неретко позитивно оценуван. Гучи, Ралф Лорен, Ролан Муре и Кристијан Лобутин се дел од брендовите кои ги избира новата прва дама за свеченостите.

Својата љубов кон модата и дизајнот, Меланија ја одрази во својата прва колекција накит која ја создаде во 2010 година, а која брзо се распродаде. Успешниот бизнис подоцна таа го прошири и со линија козметички производи.

Меланија Трамп Меланија Трамп Меланија Трамп Меланија Трамп Меланија Трамп Меланија Трамп Меланија Трамп

На денот на изборите, таа носеше бел комбинезон од 4000 долари од Ралф Лорен.

Меланија Трамп Меланија Трамп Меланија Трамп

Безрезервната поддршка кон Трамп и нејзината кампања против малтретирањето онлајн

Меланија секогаш е покрај својот сопруг давајќи му ја својата поддршка. „Го охрабрувам бидејќи знам што ќе направи и што може да направи за Америка. Тој го сака американскиот народ и сака да му помогне“ – изјави таа.

„Не се согласувам со сè што вели, но знаете, тоа е нормално. Јас сум своја личност и му кажувам што мислам. Сметам дека тоа е многу важно за една врска“ – вели Меланија.

Меланија Трамп Меланија Трамп Меланија Трамп

Со влегувањето во Белата куќа, Меланија цели да се посвети на кампањи против малтретирањето на социјалните мрежи и интернет, со фокус на помладите. „Децата и тинејџерите може да бидат ранливи. Никогаш не е во ред кога 12-годишно девојче е исмејувано, малтретирано или напаѓано. Ужасно е кога тоа ќе се случи на игралиште. И апсолутно е неприфатливо кога е направено од некој без име кој се крие на интернет“ – изјави Меланија.

Меланија Трамп

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11128 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.