Меланија Трамп има верни обожаватели, но и неуморни критичари. Првата дама на САД повторно стана мета на негативни коментари поради нејзиниот стајлинг.
Пред еден месец, кога се упатуваше кон Тексас за да ги посети настраданите од ураганот Харви, Меланија беше фотографирана пред Белата куќа во елегантни салонки и многумина побрзаа да искоментираат дека тоа не се соодветни обувки за посета на место погодено од природна катастрофа и дека се „навредлив“ моден избор. Иако 47-годишната сопруга на Доналд Трамп се пресоблече во авионот и слета во Тексас во лежерна комбинација со патики, коментарите не престанаа да се множат.


Очигледно Меланија не им дозволи на критичарите да го променат нејзиниот стилски избор. Кога пред три дена таа и Доналд ја напуштаа Белата куќа за да го посетат Порторико по ураганот Марија, првата дама повторно носеше комбинација со високи елегантни штикли, па се роди нов бран критики.




Како и претходно, Меланија се пресоблече во авионот и пристигна во Порторико во лежерна облека и ниски чизми.



Сепак, тоа не беше крај на модните забелешки насочени кон неа. Откако ги посетија настраданите во масакрот во Лас Вегас, Меланија и Доналд се вратија во Вашингтон. Иако беше ноќ, Меланија носеше очила за сонце, што беше повод за нов бран исмејување и шеги на нејзина сметка.




