Почетна » Новости » Занимливости » Медицински лица кои деноноќно се борат со коронавирусот покажаа како им изгледа лицето поради маските и измореноста

Медицински лица кои деноноќно се борат со коронавирусот покажаа како им изгледа лицето поради маските и измореноста

Голем број доктори и медицински сестри без прекин работат за да им помогнат на заболените од коронавирусот во Вухан, Кина. Сите тие мораат да носат заштитна опрема – маски и очила – за да не бидат и самите заразени од смртоносниот вирус. Некои од нив ги завршуваат смените преспивајќи на болничкиот под или на столица пред повторно да се вратат на работа.

Фотографии на кои здравствени работници си го покажуваат лицето станаа вирален хит на социјалните мрежи. Модринки, исеченици, рани и вдлабнатини може да се видат на нивната кожа поради предолгото носење на очила и маски, како и поради преголемата измореност и стресот.

Медицински лица во Вухан Медицински лица во Вухан Медицински лица во Вухан Медицински лица во Вухан Медицински лица во Вухан Медицински лица во Вухан Медицински лица во Вухан Медицински лица во Вухан Медицински лица во Вухан Медицински лица во Вухан Медицински лица во Вухан

Докторите и сестрите во Вухан даваат сè од себе за да им помогнат на болните и честопати немаат време ниту за јадење, ниту за одење во тоалет.

Медицински лица во Вухан Медицински лица во Вухан Медицински лица во Вухан Медицински лица во Вухан

Според податоците, бројот на заболени од коронавирус во Кина надмина 28.000. Бројот на жртви се искачи на 565.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11143 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.