Почетна » Новости » Занимливости » Мајка сподели нежен начин како да им ја кажете на децата вистината за Дедо Мраз без да ги разочарате

Мајка сподели нежен начин како да им ја кажете на децата вистината за Дедо Мраз без да ги разочарате

Не постои дете кое не го обожава Дедо Мраз и кое не го очекува со нетрпение неговото доаѓање. По сите тие прекрасни години дочекани со помислата на добродушниот старец со бела брада, на децата им е тешко да се помират со вистината за него кога ќе пораснат. Некои од нив се чувствуваат излажани, други разочарани.

Мајка сподели прекрасна идеја како да му ја соопштите на вашето дете веста за Дедо Мраз без да го разочарате, а во меѓувреме да му ја разбудите дарежливоста и љубезноста. Еве го текстот на Черити Хачинсон кој стана хит на Facebook:

Дедо Мраз

Ова е досега најдобрата идеја која сум ја видела за да им ја кажете на децата вистината за Дедо Мраз. Морав да ја споделам:

Во нашето семејство, имаме специјален начин за транзиција од добивање подароци од Дедо Мраз, во станување Дедо Мраз. На овој начин, идејата за Дедо Мраз не е лага која се открива, туку развој на низа добри дела и Божиќен дух.

Кога се на возраст од околу 6-7 години, кога ќе го видите тој прикриен сомнеж дека Дедо Мраз можеби не е материјално битие, значи дека детето е подготвено.

Ние го водиме детето на „кафе“ во локално кафуле или каде било. Седнуваме во некој агол, нарачуваме пијалаци и го велиме следново:

„Се гледа дека многу си пораснал оваа година. Не само што си повисок, но можам да забележам дека и срцето ти пораснало. (Посочете 2-3 примери од емпатично однесување, земање предвид на туѓите чувства, добри дела итн. кои детето ги направило во изминатата година). Всушност, твоето срце порасна толку многу што мислам дека си подготвен да станеш Дедо Мраз.“

„Веројатно си забележал дека повеќето Дедо Мразовци кои ги гледаш се луѓе облечени како него. Некои од твоите пријатели можеби ти имаат кажано дека Дедо Мраз не постои. Многу деца мислат така, бидејќи сè уште не се подготвени да БИДАТ Дедо Мраз, но ТИ СИ.“

„Кажи ми ги најдобрите нешта за Дедо Мраз. Што добива тој за сите негови неволји. (Води го детето од помислата на „колачиња“ до убавите чувства дека направил нешто добро за некого.) Сега си подготвен за првата твоја работа како Дедо Мраз.“

Тонот на вашиот глас треба да биде како на конспиратор.

Тогаш му велиме на детето дека треба да избере некој кој го познава, најчесто тоа е сосед. Мисијата на детето е тајно да дознае што ѝ треба на таа личност, а потоа да го обезбеди, да го завитка и да го достави и никогаш да не ѝ открие од каде доаѓа тоа. Знаете, да бидеш Дедо Мраз не е за да добиваш пофалби. Тоа е несебично давање.

Мојот најстар син ја избра „вештерката“ која живее на аголот. Таа навистина беше ужасна, имаше ограда околу целата куќа и никогаш не им дозволуваше на децата да влезат за да си ја земат топката или фризбито. Постојано им викаше да играат потивко. Кога одевме на училиште, тој забележа дека таа излегува секое утро боса за да си го земе весникот, па одлучи дека ѝ требаат влечки. Потоа мораше да се прикраде за да дознае кој број носи таа. Една сабота се скри во грмушките и дозна дека таа носи големина „М“. Отидовме в продавница и ѝ купивме топли влечки. Тој ги завитка и стави на нив натпис „Среќен Божиќ од Дедо Мраз“. По вечерата се прикради до нејзината куќа и го пикна подарокот под нејзината порта.

Следното утро, ја гледавме како го зеде весникот, го подигна подарокот и влезе внатре. Син ми беше превозбуден, а јас со нетрпение чекав да видам што ќе се случи следното утро. Следното утро, додека заминувавме, таа излезе за да го земе весникот, со влечките на нозе. Тој беше екстатичен. Морав да го потсетам дека НИКОЈ не смее да дознае што направил, во спротивно нема да биде Дедо Мраз.

Низ годините, тој избра значителен број лица и секогаш смислуваше уникатен подарок специјално за нив. Една година, тој го исполира својот велосипед, му стави ново седиште и ѝ го подари на ќерката на наш пријател. Овие луѓе беа и се сиромашни. Прво го прашавме татко ѝ дали тоа е во ред. Изразот на нејзиното лице кога го виде велосипедот со голема панделка на него во дворот, беше речиси исто толку добар колку изразот на лицето на мојот син.

Кога дојде време мојот втор син да се придружи во редот, мојот постар син дојде со нас за да помогне со воведниот говор. Патем, двајцата се одлични „подарувачи“ и никогаш не се почувствуваа како да биле излажани, бидејќи добија достап до Тајната како да бидеш Дедо Мраз.

Откако текстот се рашири на социјалната мрежа, Хачинсон, која има два сина, изјави дека тој не е нејзин, но дека чувствувала потреба да го сподели. „Посакувам да го измислев сама, брилијантен е. Го видов во објава на мој пријател и почувствував дека треба да го споделам“ – рекла таа.

„Божиќ е за да им помогнеме на другите, да даваме несебично и да бидеме благодарни за она што го имаме. Читањето на приказната на овие родители ме натера да мислам дека можам да ги охрабрам моите деца да веруваат во него за еден ден да можат да станат Дедо Мраз и да им подаруваат на други. Така нема да им ја одземам магијата на детството, но ќе ги научам на прилично неверојатна животна лекција. Никогаш не е прерано во животот на детето да го научите на добродушност и да му помогнете да биде благослов за другите“ – објаснува Черити.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9462 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.