Беки е мајка на две деца која си го трансформираше телото со помош на сопствени тренинзи.
35-годишната фитнес блогерка, која на Instagram има речиси половина милион следбеници, сега споделува вежби со кои им помага на многу жени да направат промена во нивниот изглед.
Прва фотографија: 4 месеци по породување. Втора фотографија: 1 година по породување. Трета фотографија: сега
Беки пред двете бремености и сега
Процесот на трансформација на Беки не бил воопшто лесен и брз. Таа ги советува своите следбеници да бидат истрајни и трпеливи и да не целат кон брзи резултати. Со мали чекори, до големи промени.
„Откако еднаш ќе престанете да трагате по совршена диета и совршен распоред за вежбање, ќе започнете да уживате повеќе во процесот. Ќе ги засакате вежбите и ќе сакате повеќе да вежбате. Нема да го чувствувате како обврска, а токму тогаш, резултатите ќе започнат да се појавуваат. Затоа, не се откажувајте и продолжете да трениерате. Не се стремете кон совршенство, наместо тоа, фокусирајте се на малите секојдневни промени кои на крај ќе доведат до големи промени“ – пишува Беки.
Погледнете ги нејзините вежби:
