Почетна » Новости » Занимливости » Мајка ги развеселува помагалата за слушање за децата да ги носат со гордост

Мајка ги развеселува помагалата за слушање за децата да ги носат со гордост

Мајка на дете со проблеми со слухот создава весели дизајни за да ги разубави детските помагала за слушање и да ги охрабри децата да ги носат со гордост.

Сара Ајверми

Сара Ајверми никогаш не помислувала дека постојат деца кои се срамат да го носат своето помагало за слушање, бидејќи нејзиниот син Фреди редовно го носел без проблем. На Фреди му биле дијагностицирани нарушувања во слухот на 3-месечна возраст, предизвикани од цитомегаловирус за време на бременоста на Сара. Кратко потоа, Фреди го добил првото помагало за слушање кое било бежово и здодевно.

Идејата на Сара се родила откако таа ѝ помогнала на своја пријателка да го разубави апаратчето за слушање кое нејзината ќеркичка мразела да го носи. „9-годишната ќерка на моја пријателка мразеше да биде различна од другите и да го носи своето помагало за слушање. Случајно ми се најдоја цветни стикери за нокти низ дома и ѝ ги дадов на пријателката да ѝ го декорира апаратчето и таа се заљуби во нив“ – рекла Сара.

Сара Ајверми Сара Ајверми

Откако направила свое истражување и видела дека недостига продукт на пазарот кој ќе ги развеселува детските помагала за слушање, таа веднаш се фрлила на работа. „Помислив дека постојат многу семејства кои имаат тешкотии да ги натераат децата да ги носат своите помагала и почувствував дека морам некако да помогнам“ – додала Сара, која стои зад компанијата за нискобуџетни декорации за помагала за слушање „Lugs“.

Сара создава дизајни пред сè користејќи цвеќиња и ликови од цртаните филмови како Бетмен, Мики Маус, Hello Kitty и Angry Birds со надеж дека ќе охрабри многу деца со самодоверба да ги носат своите апаратчиња. Сара Ајверми Сара Ајверми Сара Ајверми

Многумина веќе ѝ се заблагодаруваат на Сара за нејзината работа. „Добивам мејлови од професионалци кои ми се заблагодаруваат за она што го правам, а тоа ме одушевува. Луѓе од целиот свет носат мали комплети кои јас ги правам во мојата дневна соба. Неверојатно е“ – вели Сара.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9525 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.