Почетна » Новости » Занимливости » Машкиот модел Андреј Пејиќ на листата на најсекси жени на FHM

Машкиот модел Андреј Пејиќ на листата на најсекси жени на FHM

На почетокот на мај машкото списание FHM ја објави својата листа на 100 најсекси жени на светот. На 98-мото место, веднаш пред Лејди Гага, а само едно место по Бар Рафаели, се најде моделот Андреј Пејиќ.

За првпат се случува маж да се најде на листата на најсексапилни жени. Откако читателите го дадоа својот глас и листата беше објавена, од списанието јасно го кажаа својот став дека не се согласуваат со ваквиот избор.

Андреј Пејиќ

На сајтот тие објавија статија за опис на Андреј во која го нарекуваат „нешто“. Откако се крена врева околу таквиот опис, статијата беше отстранета од нивниот сајт и уредниците се извинија за случката, но сепак Андреј ќе биде вклучен меѓу најсексапилните жени во печатеното издание на списанието.

Андреј Пејиќ Андреј Пејиќ

Под поднасловот „Зошто го сакаме Андреј Пејиќ?“ уредниците имаа напишано: „Иако неговиот сексуален идентитет е неопределен, дизајнерите го нарекуваат наредното големо нешто. Ние мислиме дека „нешто“ е доста точна определба... Откако се најде во кампањите на Марк Џејкобс и Жан Пол Готје, тој избрза да каже дека се надева еден ден да потпише договор како модел за Victoria’s Secret (подај ја кофата за повраќање)“.

Андреј Пејиќ

Сепак, читателите останаа да се прашуваат како и зошто воопшто Андреј влегол меѓу кандидатките за кои се гласало.

Андреј, кој има балканско потекло, израснал во Австралија и бил откриен додека работел во McDonalds. Во изминатиов период славните дизајнери беа освоени од неговата нестандардна убавина и често го гледавме на модните писти и во машка и во женска облека.

Андреј Пејиќ

Колку за информација... на првото место на листата е Роузи Хантингтон-Витли, на второ Кети Пери, на трето Ријана, а на четврто Меган Фокс.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11044 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.