Животните можат да бидат одлични модели. Тоа го покажаа 12-те мачки и мачори кои учествуваа во фотосесија за создавање на календар за брендот United Bamboo.
Идејата за создавање на мини облека за мачки била на дизајнерката Михо Аоки, која минатата година чисто за забава го облекла својот мачор и го фотографирала. Облеката за мачките е всушност минијатурна веризија на креации од колекцијата на United Bamboo наменета за луѓе.
Минатогодишниот успех на календарот ги поттикнал дизајнерите да го направат и оваа година. Приходите кои ќе бидат собрани од неговата продажба се наменети за организации за заштита на животните.
Редли, стар 5 години
Оскар, стар 6-8 години
Егон, стар 7 години
Зиги, стар година и пол
Ноел, стара 10-13 години
Брус, стар 11 месеци
Ти Џеј, стара 12 години
Прего Спина, стара 1 година
Виви, стара 4 години
Медисон, стара година и пол
Агент Оранџ, стар 1 година
Патути, стара 2 и пол години
