Почетна » Новости » Занимливости » Малите ангелчиња кои го победија ракот ја пресоздадоа емотивната фотографија заедно со другарче болно од леукемија

Малите ангелчиња кои го победија ракот ја пресоздадоа емотивната фотографија заедно со другарче болно од леукемија

Силната поврзаност на малите Риен, Ејнсли и Рајли веќе неколку години го освојува светот.

Храбрите ангелчиња кои на рана возраст го победија ракот се обединија повторно и ја пресоздадоа виралната фотографија, а овој пат ним им се придружи момче кое води тешка борба со леукемија.

Храбри ангелчиња

На малиот Конор минатата година му била дијагностицирана акутна лимфобластна леукемија. „Тој ќе биде на терапија следните три години, но и покрај тоа, тој е среќен и храбар. Како и девојчињата, тој е вистинска инспирација“ – вели фотографката.

Храбри ангелчиња

„Да гледаш како девојчињата комуницираат со него беше прекрасно. Тие му ги покажуваа нивните лузни за да го поттикнат да се чувствува покомфорно“ – изјавила мајката на Рајли.

„Сега кога девојчињата се подобри, време е да се погрижиме за оние кои сега ги почнуваат нивните битки. Приклучувањето на Конор во фотографијата помага да ѝ пренесеме на публиката дека допрва треба да ја победиме војната против детскиот рак“ – додала таа.

Храбри ангелчиња Храбри ангелчиња Храбри ангелчиња

Фотографката Лора Скантлинг со овие фотографии цели да ја подигне свеста за ракот кај децата.

Првата фотографија од трите девојчиња беше направена пред четири години додека тие беа болни од различни форми на рак. За неа, тие позираа прегрнати и со затворени очи.

Храбри ангелчиња

Сите следни години слатките другарки позираа со отворени очи и широки насмевки, што ја означува среќната вест за нивната победа над ракот.

Риен за жал секогаш ќе има физички потсетник за болеста. Поради радијацијата, нејзината коса престана да расте, а очите ѝ се подзатворени поради локацијата на туморот во нејзиниот мозок.

Риен, Ејнсли и Рајли Ејнсли, Рајли и Риен Ејнсли, Рајли и Риен

Риен денес има 10 години, Ејнсли 8, а Рајли 7 години.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11953 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.