Почетна » Новости » Занимливости » Македонски танчари со Даунов синдром освоија златен медал на Европско првенство во Италија

Македонски танчари со Даунов синдром освоија златен медал на Европско првенство во Италија

Танчарите со Даунов синдром од студиото „Dancers United МK“ повторно се вратија дома со златен медал.

Македонскиот тим го освои првото место на Европското првенство во хип-хоп кое викендов се одржа во Римини, Италија.

Ова е петти медал на тимот на „Dancers United МK“ на меѓународни натпревари.

Тимот на Dancers United MK

„На среќата ѝ нема крај. Нашите танчери денес си го потврдија златниот медал на Светскиот Куп во склоп на Европското првенство во Римини. Огромна благодарност до Министерство за култура, голема благодарност до родителите кои нè поддржуваат и огромна благодарност до Вики за кореографијата која не престанува да освојува. Браво дечки, како и секогаш многу сум горда на вас“ – стои во пост на Сара Кочан, позната во македонската јавност по нејзината посветеност и љубов кон танцот и сопственичка на студиото за танци Dancers United МК.

Тимот на Dancers United MK Тимот на Dancers United MK Тимот на Dancers United MK

Dancers United МK е општествено одговорна компанија која посветува големи напори за развој на танцова програма за ранливи категории на луѓе и лица со посебни потреби. Во рамките на школото, во соработка дефектолози, развиена е посебната танцова програма за лица со Даунов синдром, што овозможува поголема социјална инклузија за ранливата категорија во општеството во кое живееме.

„Ние промовираме здрав живот и здрави навики и мислам дека тоа е важно за добробитот на секој човек, а важно е што започнуваме со најмалите членови ова да го развиваме од мали нозе и идејата е тие спортски навики и дисциплина да им останат и во понатамошниот живот како навика. И секако, најважно е тоа што ние сме инклузивно студио каде сите се еднакви и ги рушиме стереотипите и бариерите“ – вели Кочан.

Тимот на Dancers United MK Тимот на Dancers United MK Тимот на Dancers United MK

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11118 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.