Почетна » Новости » Занимливости » Маж ѝ подари на бабичка со деменција перница од кошулата на починатиот сопруг за да ја утеши

Маж ѝ подари на бабичка со деменција перница од кошулата на починатиот сопруг за да ја утеши

Понекогаш едно мало добро дело може да промени нечиј цел свет, а постапката на Крис Рајат-Ховард е доказ за тоа.

Грижливиот маж, кој работи во дом за стари лица, создал навлака за перница од омилената кошула на сопругот на 93-годишната Џојс Бекет за да ја утеши.

Сопругот на Џојс починал минатиот месец, па на старицата која страда од деменција ѝ било многу тешко да се справи со загубата. Џојс постојано била тажна и вознемирена, а вработените во домот забележале дека таа се смирувала кога некој ја држел за рака. Поради тоа, тие сакале да направат нешто специјално за да ја утешат.

Крис веднаш дошол до убавата идеја да сошие навлака од кошула која сопругот на Џојс ја носел често. Во еден од џебовите ставил фотографија од починатиот сопруг и ја напишал следнава порака: „Ова е кошулата која порано ја носев. Кога и да ја држиш, знај дека сум покрај тебе“.

Перница

Џојс не можела да си ги задржи солзите кога го видела изненадувањето, а не можеле ни вработените во домот. „Тоа беше една од неговите омилени кошули, па таа веднаш позна што е тоа. Беше преплавена од емоции, но на позитивен начин. Перницата сега е во нејзината соба и секогаш ја чува блиску до себе“ – велат од старскиот дом.

Џојс и сопругот Џон биле во брак 70 години пред неговата смрт во февруари оваа година.

Крис и ЏојсЏон и Џојс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11438 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.