Почетна » Новости » Занимливости » Лавина од добра музика за 12-тото издание на Фестивалот на музика од светот во Битола

Лавина од добра музика за 12-тото издание на Фестивалот на музика од светот во Битола

Од 18 до 20 септември во Битола ќе се одржи 12-то издание на Фестивалот на музика од светот.

„Светот заради пандемијата, денес ни е домашниот свет, а нашите уметници ги поддржуваме целосно, зошто само така ќе ја спасиме културата. Оваа година музиката ќе се спои со актерскиот перформанс, со ритми од сите меридијани, за да потврдиме дека ова е фестивал на музика од светот, но создадени дома“ - изјави Маја Андоновска-Илијевски директор на НУ Центар за култура-Битола кој е организатор на овој фестивал.

Фестивал на музика од светот

Во трите фестивалски денови публиката ќе може да ужива на Хераклеја на 18-ти септември каде ќе биде изведен музичко-актерскиот перформанс „Патеки“. Во изведба на Камерниот оркестар на Битола со настап на специјалниот гостин од Операта во Малме, Шведска Дарко Нешовски, потоа солистите Наде Талевска, Бојан Стојков, Ирена Димовска, Тамара Стојковска. И актерите Анастазија Христовска, Здравко Стојмиров, Живко Борисов и Никола Стефанов.

Целиот перформанс е во режија на Јован Ристовски. Локацијата е Хераклеа, почеток во 19.30 часот.

Фестивал на музика од светот

На 19-ти септември е сместена ОФФ програмата со пладневен концерт на ConTruDJ во Интермецо и со вечерната програма, “Ноќ на џез” во битолската Порта Џез.

За последната вечер, на 20 септември е најавен концертот на Владимир Четкар .

Фестивал на музика од светот

„Свирењето пред македонската публика е како враќање дома” - изјави Четкар за концертот во Битола, кој ќе се одржи на локацијата – Пацио на Н.У. Завод и Музеј – Битола со почеток 19.30 часот.

Фестивал на музика од светот

Целиот визуелен идентитет за фестивалот е дело на графичката дизајнерка Ангела Христовска која има свое објаснување за крикот на уметникот во време на пандемија и неговиот гласен молк.

„Оваа ситуација не научи да го запознаеме и прифатиме својот микрокосмос и да го сместиме светот во неговите граници. Миксот на кирилично-латинична типографија е симбол на тој свет, присилно сместен во границите на нашиот микрокосмос. И само уметноста ја има моќта да ги премине тие граници” - објасна таа.

Влезниците за настаните на 18 и 20 септември се по цена од 200 денари. Концертите и настаните ќе се одржат по сите протоколи кои се предвидени за вакви настани.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура, Општина Битола и „Кромберг & Шуберт“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11100 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.