Почетна » Новости » Занимливости » Кралицата Елизабета II почина на 96-годишна возраст

Кралицата Елизабета II почина на 96-годишна возраст

Кралицата Елизабета II почина денес на 96-годишна возраст. Таа беше британски монарх со најдолго владеење. Нејзиното Кралско Височество издиша за последен пат во замокот Балморал.

„Кралицата почина мирно во Балморал попладнево“ – стои во соопштение од кралската палата.

Кралицата Елизабета II

Елизабета II владееше со Велика Британија 70 години. Тронот го наследува нејзиниот син, принцот Чарлс.

Веста за нејзината смрт доаѓа нешто повеќе од една година по смртта на нејзиниот сопруг, принцот Филип, со кого беше во брак од 1947 година.

Кралицата Елизабета II Кралицата Елизабета II

Кралицата беше енигматична личност, која со дисциплинираноста и посветеноста на кралските должности ја заслужи почитта на целиот свет. Најславната Британка со најдолга историја на престолот се роди во 1926 година во Лондон, а застана на тронот на 25-годишна возраст по смртта на татко си, кралот Џорџ VI.

Кралицата Елизабета II Кралицата Елизабета II Кралицата Елизабета II Кралицата Елизабета II Кралицата Елизабета II Кралицата Елизабета II

Со својот ведар стил, Елизабета често мамеше лавина комплименти, а боите кои ги избираше лесно ја издвојуваа од толпите за време на нејзините појавувања во јавноста. Речиси секогаш носеше шешир, ракавици и чанта, бидејќи веруваше дека тоа е правилниот начин на кој треба да се облекуваат жените.

Кралицата Елизабета II Кралицата Елизабета II Кралицата Елизабета II Кралицата Елизабета II Кралицата Елизабета II

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11255 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.