Почетна » Новости » Занимливости » Компанијата „Унавита“ со македонски капитал создаде производ за силно зајакнување на имунитетот

Компанијата „Унавита“ со македонски капитал создаде производ за силно зајакнување на имунитетот

„Унавита“ е интернационална компанија со американско-хрватско-македонски капитал, лоцирана во Република Бугарија. Компанијата успеа да создаде два препарата кои се силни зајакнувачи на имунолошкиот систем и кои помагаат во борбата со ракот на меките ткива, а исто така помагаат и кај хепатитиси Б и Ц. Производите, „Аносохип“ и „Воталек“, кои се користат во комбинација, се резултат на повеќегодишно истражување, тестирања и строги контроли, според највисоките медицински и фармацевтски стандарди. Истите имаат широк спектар на ефекти во подобрување на здравјето на пациентите.

Оваа комбинација од „Аносохип“ и „Воталек“ се користи како дополна во третманот на разни видови на рак како што се: хепатоцелуларен карцином, билијарен карцином, рак на дојка и дебело црево, карцином на простата и бели дробови како и поддршка за време на хемотерапија и радиотерапија.

- Состојките содржани во овие два производа имаат силни антиинфламаторни карактеристики. Тие може да ги зајакнуваат и ги стимулираат каналите за детоксификација во црниот дроб. Метаболитот којшто се ослободува од „Аносохип“ и „Воталек“ помага во отстранување на штетни материи, на слободните радикали, како и на другите токсични супстанци од телото преку црниот дроб. Овој метаболит покажа позитивни ефекти на неколку дисфункции на црниот дроб, како што се цироза, хепатитиси Б и Ц, како и на неколку форми на рак - открива Доц. Д-р Петја Генова-Калу, која беше дел од тимот што учествуваше во тестирањето на ефектите и придобивките од споменатите два производа.

Унавита

Освен за одржување на нормална функција на меките ткива, овие два препарата може да ги инхибираат факторите кои ги оштетуваат.

- Дериватите содржани во нив можат да помогнат во регенерација на оштетените клетки на меките ткива, како и да ја намалат агресивноста на токсичните материи кои се појавуваат при оштетување на црниот дроб - истакнува Доц. Д-р Андреј Чорбанов.

Одреден број пациенти веќе имаа прилика да ги користат „Аносохип“ и „Воталек“ и од лични искуства сведочат за нивната ефективност.

- Пијам витамини и минерали, ама силата што ја имам, за да си ги извршувам обврските, по примените хемотерапии и радиотерапии и целосното лечење, доаѓа од овие два производа. Тие имаат многу големо влијание врз мојот имунитет, врз моето здравје, врз мојата сила, врз мојата психа - открива Дивна Нешова, на која што ѝ бил дијагностициран рак на лимфните жлезди, но кај која што по стандардната терапија и користењето на „Аносохип“ и „Воталек“, болеста се повлекла.

„Унавита“ е веќе присутна со своите производи на пазари во Европската Унија, Азија, Африка и во Нов Зеланд. Во Македонија, „Аносохип“ и „Воталек“ ќе бидат достапни како граничен производ во сите најснабдени аптеки, а дистрибуцијата ќе ја врши „Спектрум медикал“ од Скопје.

„Унавита“ ги базира своите истражувачки и производствени капацитети во земјите од Европската Унија, Хрватска и Бугарија, а нејзината главна мотивација е откривање и создавање нови медикаменти во подобрување на здравствената состојба кај пациенти со тешки заболувања. Научниците и истражувачите на „Унавита“ се искусни експерти во полето на фармакологијата, познати како изумители на извонредни нови состојки, автори на значителни дела и универзитетски предавачи. Производите на компанијата се дизајнирани и патентирани за да можат да спасат живот.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12008 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.