Почетна » Новости » Занимливости » Како типот на кафе ја одредува нашата личност?

Како типот на кафе ја одредува нашата личност?

Кафе наутро или на пладне? Со пријателите, на работа или како неизбежен ритуал за уживање сами? Со млеко или без, топло и горко или можеби ледено со сладолед? Некои се зависници од голтка кафе со јак вкус, на некои им е неопходно за да го почнат новиот ден, а некои пак го пијат единствено поради социјален момент и дружење.

Честопати не сме ни свесни, но нашиот омилен тип на кафе, како и начинот на кој го пиеме и подготвуваме, ја одредува нашата личност. Чист факт. Токму на оваа тема направени се и бројни истражувања, а социолозите и психолозите пак, согласни се: ритуалот на пиење кафе се поврзува со социјалните потреби на личноста.

„Аурата на доброто кафе кај некои луѓе поттикнува чувство на релаксираност, додека пак кај некои други типови е главниот двигател на енергија. Исто така и средината каде што се пие кафето, без разлика дали станува збор за кафуле, дом, канцеларија, е повеќе од само место за пиење кафе. Онаму каде што се пие кафе е всушност заедница отворена за прифаќање нови идеи и култури. Изборот на вкус пак, неретко се поистоветува со нашиот личен животен избор. Сите овие факти, но и многу други индикатори говорат за нашиот карактер, за нашата социјална припадност и потреби“, вели Славе Младеновски, социолог.

Поставете си неколку прашања поврзани со вашите секојдневни активности и ќе се изненадите колку навистина кафето соодветствува со вашиот профил. Или обратно: размислете кои сè чекори ги преземате додека го подготвувате вашето кафе, какви додатоци користите, каде и со кого го пиете и тоа ќе ја дефинира вашата личност.

1
Nescafe Classic

Доколку сакате инстант, или пак мелено кафе, потребно ви е наутро за да ве разбуди, најчесто за време на појадокот, но честопати знаете да го пиете и од навика; доколку сте зависни од силната арома и квалитетниот вкус, уживате во ритуалот на пиење кафе – Вие сте стандарден тип. Веројатно сте вработени, имате семејство, но сте лојален пријател. Го сакате животот, искрени сте и автентични. Во друштво сте меѓу омилените и наоѓате магија во секој миг.

2
Nescafe Strong

Доколку наутро, дури и пред да појадувате, со полуотворени очи се упатувате кон кујната за да го подготвите вашето прво кафе; доколку вашиот омилен вкус е силно, горко, без речиси никакви додатоци и уживате додека го пиете сами за успешен почеток на новиот ден – Вие сте енергична личност. Сакате спорт и забава, амбициозни сте во работата, функционални во одлуките. Честопати преземате иницијатива и ги поттикнувате сите околу вас да го сторат истото. Можеби сакате и да бидете лидер.

3
Nescafe Mild

Доколку кафето за вас не е приоритет наутро, едноставно можете и без него, но доколку веќе го пиете – тоа не трае повеќе од 5 минути додека се подготвувате за на работа; доколку омилен дел од денот за кафе ви е пладнето за малку дополнителна енергија и го пиете првенствено за социјалниот момент; доколку ставате половина лажичка наместо цела, го сакате слатко, со млеко, а често и ледено – Вие сте мирен тип. Уживате да сте сами или меѓу најблиските, не секогаш се впуштате во вжештени дискусии, посветени сте на работата и вредни сте. Сакате добра музика, имате стил, изразена креативност и се грижите за себе.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.