Почетна » Новости » Занимливости » Како да ја украсите вашата велигденска софра?

Како да ја украсите вашата велигденска софра?

Комерцијален текст

Во пресрет на еден од најголемите христијански празници, Велигден, постојат голем број традиции кои се практикуваат. Дали е тоа семејното одење во црква, средувањето на домот, долгата листа производи кои треба да се пазарат, креативноста во бојадисувањето на јајцата или пак разновидноста на домашната трпеза, сето тоа го прави овој празник посебен и симбол на семејството. Токму затоа вниманието што го заслужува овој празник е посебно, а домот добива свечена атмосфера.

Оттаму и оправданоста за потребата од инспирација или нови и креативни идеи секоја година за создавање на празнична атмосфера во домот, преку декорирање или преку празничната трпеза. Затоа, оваа година, направете нешто поинаку со храната и внесете го духот и убавината на празникот на вашата трпезата.

Во Скопје Сити мол, од 26-ти март до 9-ти април, се одвива традиционалната манифестација „Велигденски свет без граници”. Во рамките на манифестацијата е предвидена петнаесетдневна презентација на традициите и начините на прославување на овој празник со ексклузивна изложба на Велигденски јајца од Македонија, Русија, Унгарија, Холандија, САД и Словенија и презентации на Велигденските софри и музика во соработка со нивните амбасади, здруженија и организации во Македонија.

Велигденски свет без граници

Секој ден, на приземјето од трговскиот, се одвиваат разни работилници, активности и визуелно прикажување на трпезите од овие земји, како и културните и националните особености во прославувањето на овој празник. Во текот на настанот ќе биде поставена изложба од декорирани јајца, подготвена празнична трпеза со типични, традиционални специјалитети од земјите соработници, декорации на домот и слично.

Велигденски свет без граници Велигденски свет без граници

Скопје Сити мол е посебно украсен со атрактивна Велигденска декорација на неколку локации како џиновски јајца супер херои, џиновско полу јајце, ексклузивна сценографија за фотографирање. Секако не се изоставени ни најмалите за кои се подготвени детски креативни работилници, игра „Потрага по Велигденското јајце“ и турнир во кршење со јајца „Најцврстото јајце“ за кои е предвиден богат фонд на подароци.

Велигденски свет без граници Велигденски свет без граници

За време на пред Велигденскиот шопинг ќе имате можност да уживате во прекрасна и топла празнична атмосфера исполнета со активности за сечиј вкус. Целосната програма можете да ја погледнете на www.skopjecitymall.mk/veligden.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11953 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.