Почетна » Новости » Занимливости » Италија: Нема силиконски гради за малолетнички

Италија: Нема силиконски гради за малолетнички

Денес сè повеќе жени се решаваат да легнат под нож за да изгледаат поубаво. Силиконските гради прераснаа во нормална работа и дури започнаа да се користат како подарок за роденден или за годишнина.

Трендот за зголемување на градите е прифатен не само од жените кои имаат потреба да го направат тоа (по лекување од рак на дојка), но и од млади девојки во пубертет. Токму поради тоа, Италија ќе воведе закон според кој ќе биде нелегално девојките под 18 години да се подложуваат на операција за зголемување на градите.

!

Само во Италија повеќе од 10 000 тинејџерки си направиле пластична операција во изминатава година, а за многу од нив операцијата била подарок од нивните родители.

Силиконски градиИталија со овој закон сака да го прекине трендот на постојан пораст на бројот на малолетни девојки кои си ги зголемуваат своите гради само поради модата и не се запознаени со последиците.

Во врска со овој закон, Франческо Д’Андреа од италијанското здружение на пластични хирурзи изјави: „Ние целосно го поддржуваме овој закон, затоа што има премногу луѓе кои прават операции без да имаат соодветна квалификација. Да им се забранат операциите на девојките под 18 години е добра идеја, бидејќи овие девојки се премногу млади за да се подложат на операција.“

Во Италија околу 85 000 жени годишно си прават операција за зголемување на градите. Од нив 70% легнуваат под нож од естетски причини, а 30% поради лекување од рак.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10340 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.