Почетна » Новости » Занимливости » Инспирација: Жена родена со една рака крева тегови и е фитнес тренер

Инспирација: Жена родена со една рака крева тегови и е фитнес тренер

Ви треба доза мотивација за да започнете да вежбате? Луиз Хокинс дефинитивно ќе ви стане инспирација.

42-годишната фитнес зависничка е родена со една рака, но не дозволува тоа да ѝ биде пречка или изговор за да не тренира. Иако Луиз започнала да вежба во 2017 година, сега крева поголема тежина од повеќето луѓе кои немаат никаков хендикеп.

Луиз Хокинс Луиз Хокинс

Како личен тренер и обожавателка на фитнесот, Хокинс тренира петпати неделно, а понекогаш и по двапати дневно.

„Никогаш не дозволувајте вашиот хендикеп да ја определува вашата способност. Никогаш не дозволувајте вашиот ум да ја ограничува вашата способност да успеете“.

„Никогаш не мислев дека ќе можам да направам едно подигање на вратило, а не пак повеќе... Поуката од приказната е никогаш да не се откажувате, останете посветени и никогаш не дозволувајте некој да ви кажува дека не можете. Секогаш има начин“ – пишува таа.

Луиз Хокинс Луиз Хокинс Луиз Хокинс Луиз Хокинс

Кога била мала, Хокинс не се гледала себеси како поразлична од останатите деца, но поради коментарите кои ги добивала, нејзината самодоверба се намалувала.

„Кога бев мала, единствено се чувствував различно кога одевме на одмор и кога таму ќе имаше нови деца кои немаа видено никој со една рака. Тие искуства ги носев со мене понатаму. Ја криев раката зад грбот, бидејќи потсвесно не сакав да се гледам себеси како таа личност“ – објаснила таа.

Луиз Хокинс Луиз Хокинс
Луиз Хокинс

Кросфитот, а потоа и фитнесот придонеле таа да започне сè повеќе да се прифаќа себеси онаква каква што е.

„Кревањето тежина направи да се чувствувам повисоко, посилно, посамоуверено“ – смета Луиз.

На своите две ќерки, Луиз секојдневно им докажува дека ништо не е невозможно ако доволно силно се посакува.

„Ако работиш доволно напорно, можеш да постигнеш сè што сакаш да постигнеш. Но, мора да бидеш истрајна, да вложиш труд“ – вели таа.

Луиз Хокинс Луиз Хокинс Луиз Хокинс

За Луиз, нејзиниот личен тренер има само пофални зборови:

„Оваа личност има работа со полно работно време, мајка е на две деца, има една рака, но не го користи тоа како изговор. Дури не го ни споменува“.

Луиз денес и самата е личен тренер. Таа ги инспирира своите клиенти да бидат упорни и никогаш да не се откажуваат.

Луиз Хокинс Луиз Хокинс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11450 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.