Почетна » Новости » Занимливости » „Девојката со крилја“ стана мајка: Дејана од Србија која е родена без раце сподели фотографии со бебенцето

„Девојката со крилја“ стана мајка: Дејана од Србија која е родена без раце сподели фотографии со бебенцето

Дејана Бачко стана мајка. Инспиративната Србинка, која е родена без раце, го роди своето прво дете и ја сподели среќната вест на Instagram.

Таа објави фотографии со новородената ќеркичка Лара и во описот напиша: „Боже, ти благодарам за овој подарок“.

Дејана Бачко

24-годишната Дејана е позната како „девојката со крилја“, поради нејзиниот непокорлив дух и упорност. Таа денес е академски образована ликовна уметница и слика со помош на нејзините нозе.

Дејана успешно ги руши сите препреки во животот и не се откажува. „Се борам, без оглед на тоа каков недостаток имам. Никогаш не се откажувам пред препреките или осудувањето од околината, тоа дури ме тера и да се борам уште повеќе. Кога бев малечка, се враќав дома расплакана, бидејќи сите ме исмејуваа: ‘Ти немаш раце’. Ме покажуваа со прст. Тогаш барав рака од мајка ми. Но сега, немам таква потреба. Сите ме прашуваат дали сакам протези или нешто слично. Им велам не. Во тој случај веројатно би била поинаква. Не би била ова што сум и не би била борец“ – вели таа.

Инспиративната Србинка ја следат над 100 илјади лица на Instagram.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11609 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.