Почетна » Новости » Занимливости » Излези од рутината и истражи го градот со новите аdidas PureBOOST Xpose патики креирани само за жени

Излези од рутината и истражи го градот со новите аdidas PureBOOST Xpose патики креирани само за жени

adidas оваа сезона ги претставува новите PureBOOST Xpose патики дизајнирани само за жени, спој на високите перформанси и високата мода.

На основа на повеќегодишни тестирања и истражувања за потребите на жените спортисти низ целиот свет, adidas креираше префинети патики за трчање кои ја следат линијата на стапалото и го следат активниот животен стил на жените.

Флексибилниот средишен лак на патиката обезбедува потполно нов изглед како и чувство при трчењето. Прилагодливиот мрежест материјал кој ја обвиткува средината на стапалото за тоа да изгледа помало воедно дава чувство на поддршка при секоја трка. Прилагодливата површина на ѓонот е дизајнирана така да овозможува флексибилност во секој момент, при што овозможува на стапалото да го задржи природното движење.

adidas

Нежната, прилагодлива силуета на PureBOOST Xpose елегантно ја прати линијата на стапалото и овозможува да „одмори“ на BOOSTTM пената направена од повеќе илјади единствени енергетски капсули. BOOST средишниот ѓон дава енергија која овозможува трчањето да стане најдобар начин за да се остане во форма.

adidas

adidas производите за трчање се развиени во соработка со тимот кој работи на спортот како наука а истражувањата се правени со користење на ARAMIS системот за тестирања, како и технологија за следење на телото и стапалото кое овозможува подетални анализи на секое движење на телото при трчањето. Последните иновации во adidas најмногу имаа влијание на дизајнот на PureBOOST Xpose колекцијата и како разултат добивме патики кои се креирани, пред се, за градски трки, а содржат прилагодливи елементи кои и помагаат на жената да ги совлада препреките и предизвиците кои се појавуваат при трката.

adidas

Новите аdidas патики за трчање со специјалната Boost технологија може да ги пронајдете во Македонија во продавниците на Sport Vision како и на Online shop.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11497 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.