Почетна » Новости » Занимливости » Започнува зелениот натпревар за сите деца во организација на Рамстор Мол и Пакомак!

Започнува зелениот натпревар за сите деца во организација на Рамстор Мол и Пакомак!

Oд 22 ноември до 12 декември, Рамстор Мол ќе биде местото каде во пријатна и забавна атмосфера, сите дечиња ќе можe да учествуваат во зелената наградна игра Green Team која ја организира компанијата Пакомак и да освојат вредни награди. Во овој период, секој ден од 17 до 20 часот во Рамстор Мол, дечињата ќе можат да ја играат видео-играта Green Team, да се дружат, натпреваруваат и забавуваат, а најдобите ќе освојат лап-топ, таблети, велосипеди, ролерки, како и ваучери од Рамстор.

Наградна игра од Рамстор и Пакомак

Условите за пријавување и учество се доста едноставни. Сите оние кои сакаат да играат, ќе треба да се пријават за учество на инфо-пултот на Рамстор Мол. Натпреварувањето ќе се одвива во две групи, од кои едната е за деца од 5 до 9 години, а другата за деца од 10 до 14 години. Најдобрите 30 деца (по 15 од секоја група) влегуваат во финалето, кое ќе се одржи на 13 декември од 17 часот и ќе се натпреваруваат во три круга сè додека не се одлучат победниците. За победниците од секоја група обезбедени се интересни вредни награди.

Играта Green Team сите дечиња можат да ја најдат на Фејсбук страниците на Пакомак и Рамстор Мол и таму да вежбаат за уште подобри резултати и пласман во финалето.

„Оваа наградна игра е продолжување на нашата практика на поддржување на еколошки настани и акции кои вклучуваат деца и нивна едукација. Преку јунаците од Грин Тим играта, децата ќе се учат правилно да го селектираат и рециклираат отпадот, а за најеколошките млади натпреварувачи обезбедивме супер награди, прилагодени за нивната возраст. Им благодариме и на нашите партнери – Рамстор Мол и Техномаркет за поддршката на овој проект и се надеваме дека нашата соработка ќе продолжи и понатаму. Обично родителите влијаат и ги образуваат децата, но ние очекуваме и веруваме дека овој пат дечињата ќе бидат оние што ќе влијаат врз еколошката свест на своите родители” – изјавија од Пакомак.

Рамстор Мол и Пакомак ги покануваат сите дечиња да земат учество во Green Team наградната игра и да се забавуваат!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27153 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.