Почетна » Новости » Занимливости » Забавен настан „Балансираме заедно“ во Охрид

Забавен настан „Балансираме заедно“ во Охрид

В сабота, на 4 август, од 18 до 23 ч. на Градскиот плоштад во Охрид, Ве покануваме повторно да балансираме заедно, да играме, да се дружиме, да се забавуваме, да се едуцираме и да се наградуваме.

За храбрите и активни посетители и овој пат подготвивме игри, кои претставуваат успешно решавање и поминување 10 препреки, односно 10 забавни игри што водат до целта. Сложување сложувалка, скокање на јаже, фрлање пикадо, скокање со топка, царица, фудбал, кошарка, одење на греда, миниголф и точен одговор на прашање. Секоја храброст и пристигнување на целта ги наградуваме. Најдобрите ќе добијат еден од 10-те таблет-компјутери, а за другите учесници следуваат голем број утешни награди.

Балансираме заедно

За сè да биде вистински избалансирано и во Охрид, како што беше во Скопје, ќе се погрижат нашите гости: Тони Зен, Ламбе Алабаковски, Викторија Лоба, Ѓоко Танески, Виктор Апостоловски, диџеите на Антена 5 радио и церемонијал-мајсторот Ненад Георгиевски.

Како надополнување на петчасовната „Баланс плус“ забава на плоштадот, истиот ден во рамките на Охридско лето, во Антички театар од 21 часот ќе можете да уживате и со совршено избалансираните гласови на словенечкиот ансамбл Perpetuum Jazzile.

Промотивен текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.