Почетна » Новости » Занимливости » Жена сподели фотографија за да покаже дека татковската љубов не зависи од крвното сродство

Жена сподели фотографија за да покаже дека татковската љубов не зависи од крвното сродство

Жена преку емотивна објава на Facebook објасни дека татковската љубов не познава крвно сродство и разнежни илјадници лица на интернет.

Кариса Смит објави фотографија на која нејзиниот сопруг-војник ја гушка нејзината ќерка, која ја сака како свое дете и покрај тоа што не е крвно поврзана со него.

Татко и ќерка

Тие не се роднини по крв, но тие се татко и ќерка. Мојот сопруг се надминува себеси за да се грижи за неа како да е негова ќерка. Кога таа плаче, тој е таму за неа. Кога ѝ е потребен, тој е таму. Не го употребуваме терминот „очув“. Тој е нејзин татко. Кога тој се заљуби во мене, се заљуби и во мојата ќерка. Тој влезе во нашиот живот кога таа имаше 9 месеци, а сега има 3 години. Таа е ултимативната татина ќерка.

Тие се неразделни, а неговата татковска љубов е многу длабока. Толку длабока што тој одлучи да ја посвои, а посвојувањето е во тек. Набрзо тие „официјално“ ќе бидат татко и ќерка.

Оваа фотографија беше направена во 2 часот наутро кога тој се прикраде дома од работа за да ја смири затоа што ужасно ѝ недостасуваше. Се немаа видено 14 дена.

Со својот текст, Кариса поттикна многумина да споделат слични искуства.

„Мојот татко ми е татко од 9-месечна возраст. Овој септември навршија 15 години од смртта на мајка ми, а тој СÈ УШТЕ е тука присутен, мој татко, мој најдобар пријател покрај мојот сопруг. Имам 36 години и сум негово единствено дете. Бремена сум со неговото прво и единствено внуче. Иако живееме на раздалеченост од 1.600 милји, тој ќе биде во породилната сала со мене за да биде сведок на раѓањето на нашето мало чудо. Татковците се најдобри“ – беше само еден од коментарите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11919 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.