Почетна » Новости » Занимливости » Есенска детоксикација за подобар имунитет

Есенска детоксикација за подобар имунитет

Иако многумина мислат дека пролетта е идеалниот период за детоксикација на организмот, сепак токму привикнувањето на организмот од топло кон ладно време е многу поважен. Токму заради постепеното заладување на времето, зајакнувањето на имунитетот е од огромно значење за здравјето во овој период на настинки и вируси. За среќа есента изобилува со одлични плодови и зеленчуци кои можат многу да ни го олеснат целиот процес на детоксикација на организмот и подготвување за ладниот период од годината.

Есенска детоксикација

Постојат различни начини за детокс: од тридневен детокс базиран само на вода и чај до 1-2 месечен спор детокс. Можеби за најдобро балансиран детокс се потребни околу 10-20 дена. Bо овој период од годината, за да го исчистите организмот од сите насобрани токсини и да имате добар почеток на сезоната, ќе треба да се фокусирате на внесување повеќе витамини, минерали и хранливи влакна. Во овие денови обидете се да бидете максимално дисциплинирани и држете се построго до вашата цел. Секоја детоксикација вклучува пиење на многу течности, кои ќе овозможат чистење на нашиот организам од токсини. Вредно да се напомене е дека треба да се избегне пиење на алкохол, пијалоци кои содржат кофеин (кафе, црн и зелен чај) и секакви пијалоци кои содржат шеќер. Можете да пиете вода, хербални чаеви и сокови од свежо овошје.

Есенска детоксикација

За успешна детоксикација треба да ги исфрлите од вашата исхрана сите видови месо, особено црвеното месо, јајца, сирење, путер, крем, благо и леб, паста и бисквити. Иако листата на прв поглед делува страшно, нема место за паника затоа што во овој период од годината имаме на располагање голема количина на овошје и зеленчук како замена. Започнете со тоа што ќе одберете замена за секоја храна: на пример можете да го замените лебот со бисквити од ориз, треба да направите прецизен план и да ги распоредите оброците и ужините во точно време. Ова се нашите предлози за правилна детоксикација:

Започнете го денот со свежо исцедено смути или сок, а кафето заменете го со хербален чај без засладувачи. Запомнете дека смутито или сокот треба да содржат и зеленчуци, не само овошје. Зеленчукот содржи различни хранливи материи кои организмот ги апсорбира поспоро и ќе му даде на вашиот организам подолго енергија. Покрај тоа, цитрусните овошја содржат повеќе киселина и вам ви се потребни зеленчуци за балансирање. Во вашето смути можете да внесете и ореви, лешници или бадеми.

Во текот на денот треба да испиете 2 литри вода или чај. Можете да комбинирате свежи салати (без крем дресинг или сирење) со ориз, грав, леќа или грашок. Во првите денови додека вашиот организам се навикнува на процесот можете да јадете и риба со ниска количина на масти, најмногу еднаш дневно. Наутро е добро да јадете овошје или уште подобро е да подготвите смути со овошје и зеленчук. Совет: со цел да создадете подобра текстура на вашето смути и за да биде полесно за пиење изблендајте во блендер со висока брзина и почитувајте ги следните пропорции: 1/3 вода, 1/3 овошје и 1/3 зеленчук. На пример подгответе смути од есенски плодови и задолжително користете ѓумбир кој ќе му даде дополнителна топлина на вашето тело и магдонос кој е одличен за детоксикација на телото.

Есенска детоксикација

Доколку не сте љубители на поретко смути, негова алтернатива е свеж џус, но пробајте да биде комбинација од овошје и зеленчук. Нашата омилена комбинација е портокал, морков, јаболко и по вкус одредена количина ѓумбир кој е одличен стимулатор на имунитетот. Од многуте примери сме сфатиле дека многу луѓе го почнуваат процесот на детоксикација со голем ентузијазам, но им претставува потешкотија да издржат до крај. Токму поради тоа потребна е добра припрема. Погрижете се во вашата кујна да имате добри апарати кои ќе ви го олеснат процесот на подготовка на храната, но и од кои ќе можете да извлечете поголем бенефит. На пример како што претходно спомнавме, за да постигнете поретка текстура на вашето смути ви е потребен навистина брз блендер кој има моќен мотор. Така, новиот блендер на Philips има 1400W мотор и нова технологија која овозможува да зачувате многу повеќе хранливи состојки од обработените плодови. Моќниот мотор на блендерот овозможува до 35.000 вртења во минута, а големиот бокал дава повеќе простор за блендирање на храната, со што целиот процес трае побрзо и дава подобри резултати. Она што посебно ни се допаѓа кај овој блендер е тоа што доаѓа со две чаши за носење што ни овозможува да спремите смути наутро и остатокот да го понесете со вас и да го испиете подоцна. Повеќе податоци околу блендерот можете да видите на Philips blenders website.

Доброто блендирање задржува поголем број на хранливи материи, па токму затоа пијалаците направени со овој блендер се поздрави за вас и вашите најмили. За оние кои преферираат џус го предлагаме моќниот соковник на Philips чија технологија овозможува да изберете помеѓу густ или поредок џус и помага да исцедите 10% повеќе сок. Дознајте повеќе на Philips juicers website.

Есенска детоксикација

За дополнителни ефекти не заборавајте и да сте физички активни, но не претерувајте и не се форсирајте до максимум. Пешачете или правете кардио вежби, но на пократки интервали за да не го истоштите вашиот организам со вежби и не заборавајте убаво да се истегнете пред и по вежбањето. Грижата за здравјето во овој период од годината е обврска на секој од нас, која никако не смее да биде занемарена и оставена на последно место.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11989 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.