Почетна » Новости » Занимливости » Емотивно писмо кое 10-годишно девојче го напишало за својот покоен татко

Емотивно писмо кое 10-годишно девојче го напишало за својот покоен татко

Самер Лојд е девојче од Англија кое секоја година му испраќа писма на својот татко во рајот на датумот на неговата смрт. Самер ги пренесува своите чувства на хартија, а потоа со помош на балон ги испраќа на небото. Но, оваа година 10-годишното девојче не успеало да го исполни својот ритуал, бидејќи го загубило листот пред да го испрати.

За среќа, писмото завршило во рацете на Ники, сопственичка на ресторанот пред кој Самер го испуштила листот. Ники преку пост на Facebook ги замолила сите кои ќе го препознаат ракописот да помогнат да се најде авторот, бидејќи сметала дека писмото е премногу важно.

Писмото на Самер Лојд

„Драг тато,

Те сакам. Многу ми недостигаш и посакувам да беше тука сега.

Навечер понекогаш гледам во небото и си замислувам желба. Си замислувам желба гледајќи во најсјајната ѕвезда и верувам дека тоа си ти.

Секогаш помислувам на тебе на твојот роденден, на Денот на таткото, на мојот роденден и на Божиќ.

Некои денови сум среќна, а некои тажна, но во моментов можам да те почувствувам во моето срце и секогаш си во моите мисли. Посакувам да можев да ти кажам уште едно последно збогум и уште еднаш да те прегрнам пред да заминеш на патување кон твојот нов дом во рајот.

Знам дека секој ден им недостигаш на сите мои браќа и сестри и на сите од нашето семејство и дека тие посакуваат да беше сè уште тука. Но, додека да се сретнеме и да разговараме повторно, ќе те оставам да почиваш.

Те сакам премногу.

Почивај во мир тато. Се надевам дека си среќен таму каде што си!

Ти испраќам многу љубов,

Твоето мало девојче, Самер
Самер Лојд

Објавата брзо се распространила на социјалните мрежи и стигнала до семејството на Самер, па по кратко време писмото му било вратено на емотивното девојче.

Самер Лојд и НикиСамер Лојд и Ники, жената која ѝ го врати писмото

Малата Самер и годинава имала пуштено балон кон небото, но без писмо, бидејќи мислела дека го загубила засекогаш. „Го испратив балонот без писмото, а потоа на небото се појави птица и изгледаше како да кружи над нас, беше многу специјално“ – рекла Самер и додала дека планира да го зачува писмото за себе. „Ти благодарам Ники што ми го врати писмото, мислам дека сега ќе го зачувам и урамам“ – рекла таа.

Мајката на Самер, Сара, вели дека ќерка ѝ минала низ многу тежок период откако починал нејзиниот татко и дека испраќањето на писма ѝ делува како терапија. „Беше многу тешко, ужасно ѝ недостига татко ѝ, па го правиме ова секоја година. Тоа ѝ помага и е еден вид терапија“ – рекла Сара.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9522 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.