Почетна » Новости » Занимливости » Емотивни фотографии: Војници држат бебенце чиј татко загинал во Авганистан пред тоа да се роди

Емотивни фотографии: Војници држат бебенце чиј татко загинал во Авганистан пред тоа да се роди

Вирална фотосесија растопува срца низ целиот свет. Фотографиите прикажуваат мало бебенце во рацете на униформирани војници. Синоокото девојче, кое го добило името Кристијан, е ќеркичка на војник кој загинал во Авганистан уште пред тоа да се роди.

Фотосесија

На една од фотографиите бебенцето е во рацете на мајка си Брит додека зад нив стојат војниците и ги поздравуваат.

Фотосесија

Сторијата зад фотографиите трогнува. Брит и нејзиниот сопруг Кристофер со радост ја дочекале веста дека ќе станат родители. Но, само една недела подоцна, Крис загинал во Авганистан за време на напад од бомбаш-самоубиец.

Трагичната вест Брит ја сподели на Instagram со пораката: „Збогум мој хероју. Мој човеку. Мој смирувачки гласу. Моја сродна душо. Мој свету. Мој војнику. Мој спасителу. Никогаш нема да бидеш заменет. Имаш поставено стандард во мојот живот којшто никој не може да го достигне. Твоја сум и вечно. Ќе те сакам во овој живот и ако има друг живот потоа, ќе те пронајдам и ќе те сакам уште посилно.“

Со оглед на тоа што Крис пред смртта ги сметал војниците од својот баталјон за свое пошироко семејство, Брит по породувањето ја организирала специјалната фотосесија со нив.

Фотосесија Фотосесија Фотосесија Фотосесија Фотосесија Фотосесија Фотосесија Фотосесија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11409 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.