Почетна » Новости » Занимливости » Емотивна свадбена фотографија на невеста чија ќеркичка починала пред две години

Емотивна свадбена фотографија на невеста чија ќеркичка починала пред две години

Додека Аманда Кроу Фрибрд позирала на денот на својата свадба, таа чувствувала голема празнина во себе. Пред две години Аманда ја изгубила 6-годишната ќеркичка поради рак, а на денот на свадбата не посакувала ништо повеќе од тоа да ја има покрај себе.

За среќа, ужалената мајка на едно синче покрај себе имала талентирана фотографка, која нашла прекрасен начин за во одредена мера да ѝ ја исполни големата желба.

Ешли Франц, која била задолжена за овековечување на најважните моменти од свадбениот ден, создаде емотивна фотографија која сега е вирален хит со 12.000 споделувања на Facebook.

Аманда Кроу Фрибрд

„Конечно споделувам една од најубавите и најтешки фотографии кои некогаш ми било побарано да ги направам. Ова е мојата пријателка Аманда за време на нејзината свадба. Таа премногу сакаше нејзината скапоцена Азали да биде таму со нас. Битката со ракот на Азали заврши пред две години и таа отиде во рајот пред нејзината мајка да го сретне најневеројатниот маж по име Чип. Скршена што нејзиното девојче нема да биде покрај неа за да го искуси нејзиното ново патување, Аманда ме замоли некако да ја вметнам Азали на сликите. Беше голема чест што можев да го направам тоа за неа и му благодарам на Бог што ми даде талент за да ги направам скршените срца малку помалку скршени“ – напиша Франц на својата објава.

Аманда Кроу Фрибрд

На свадбената церемонија, Аманда и сопругот Чип, во чест на малата Азали, ослободиле и пеперутки. Една од нив слетала на градите на невестата, блиску до нејзиното срце, останала таму накратко, а подоцна одлетала и застанала на најблиското дрво каде стоела до самиот крај на церемонијата.

Аманда Кроу Фрибрд

„Тоа беше момент во времето кој совршено е запаметен од сите присутни, немаше ниту едно суво око. Како што одлетуваа пеперутките, една мала убавица реши дека сака да остане накратко. Таа слета на Аманда (најблиску до нејзиното срце) и остана таму некое време додека невестата, зетот и сите присутни плачеа. Потоа одлета и се смести на најблиското дрво. Остана таму и седеше толку смирено дури и откако си заминавме. Сите знаеме дека тоа беше Азали, тоа беше мал шепот од неа и од Бог, велејќи „честито“ и давајќи ни до знаење дека таа е во близина за да ѝ помогне на мајка си да премине на својата нова животна патека, каде ќе ја греат само сончеви зраци“ – пишува Франц.

Аманда Кроу Фрибрд Аманда Кроу Фрибрд

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11124 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.