Почетна » Новости » Занимливости » Елизабета Ѓоргиевска е новата македонска Прва дама, по победата на Стево Пендаровски

Елизабета Ѓоргиевска е новата македонска Прва дама, по победата на Стево Пендаровски

Со победата на шестите претседателски избори, Стево Пендаровски застанува на чело на нашата држава. Со тоа, неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска влегува во улогата на Прва дама на Република Северна Македонија.

Проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска, која денес го слави својот 47. роденден, е вработена на Клиниката за детска и превентивна стоматологија и е професорка на Стоматолошкиот факултет при УКИМ во Скопје.

Елизабета Ѓоргиевска Елизабета Ѓоргиевска

Елизабета и Стево се во брак 20 години и заедно имаат едно дете – синот Огнен. Тие постојано потенцираат дека семејството им е најважно.

„Кај мене девизата е дека кога си решил да бидеш во фамилија со некого, претходно можеш да правиш што сакаш, ама ова е сериозна одлука со кого сакаш да го поминеш остатокот од животот. Кај мене навистина важи паролата – Еден живот, една жена, една љубов“ – изјави Пендаровски во неодамнешно интервју.

Елизабета Ѓоргиевска Елизабета Ѓоргиевска

„Ви се обраќам денес затоа што чувствувам потреба да го доловам Стево. Не како строго лице од ТВ екраните, туку како човек, пожртвуван, благороден, необично духовит и прекрасен татко. Стево го запознав кратко пред да ми се случи најстрашниот момент во мојот живот – загубата на мојата помала сестра. Тогаш, неговата поддршка и часови и часови поминати во разговори ми помогнаа да прифатам некако да живеам со тој факт на неповратна загуба како дел од животот. Но ми се чини дека маката тогаш направи да видиме многу побрзо една важна работа, а тоа е дека треба да продолжиме заедно. Особено затоа што обајцата потекнуваме од скромни семејства, каде што добрината, човечноста и трудољубивоста се поважни од сè. Кога за 10-годишнината од бракот повеќето жени добиваат скапоцени подароци, јас од него добив текст. Текст кој не би го менувала за сите богатства на овој свет. Насловот е 10-ка во срце и едно од карти. 10-ка за десетте години заеднички живот, а едното од карти за она прекрасно суштество во публиката кое не може да заспие додека со најдобриот татичко на светот не прочитаат една епизода од нивните омилени стрипови. Стево отсекогаш ме поддржувал во мојата работа. Секое мое отсуство и враќање го засилува чувството дека најсреќна сум кога сум тука дома. Јас најдобро знам дека сакам и Огнен кога ќе порасне да остане покрај нас, дека заслужува иднина како и сите наши деца, тука во Македонија“ – вели Елизабета во свој говор од претходната претседателска кампања на Стево.

Пендаровски беше кандидат за претседател на Република Македонија и на претседателските избори во 2014.

Елизабета Ѓоргиевска Елизабета Ѓоргиевска Елизабета Ѓоргиевска Елизабета Ѓоргиевска Елизабета Ѓоргиевска Елизабета Ѓоргиевска Елизабета Ѓоргиевска Елизабета Ѓоргиевска Елизабета Ѓоргиевска Елизабета Ѓоргиевска Елизабета Ѓоргиевска

ВИДЕО

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11588 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.