Почетна » Новости » Занимливости » Еден градник – безброј начини на носење

Еден градник – безброј начини на носење

Ако некогаш сте имале проблеми со изборот на соодветен градник за вашиот најнов фустан со една прерамка, сега има решение за тоа и се разбира доаѓа од жена.

Елен Ривес, бившата на фудбалската ѕвезда Френк Лампард, создаде револуционерен градник кој може да се носи на безброј начини.

Иновативниот градник е составен од две чашки и различни прерамки, кои може да се користат за различни пригоди. На секоја чашка има по 24 места за закачување на прерамките, а одназад уште 28.

Преку различни комбинации можете да си создадете градник, кој ќе одговара на облеката што ја носите, без да мислите постојано дали ви се гледа нешто „повеќе“. За да се направи овој градник биле потребни 12 месеци, а ќе се нуди во црна и кремова боја.

Сигурно ќе помине доста време пред да стане достапен и за нас.

Галерија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10625 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.