Почетна » Новости » Занимливости » Донација од Шпаркасе Банка за ЈЗУ „Завод за нефрологија“ Струга

Донација од Шпаркасе Банка за ЈЗУ „Завод за нефрологија“ Струга

Како дел од долгорочната стратегија за корпоративна општествена одговорност, Шпаркасе Банка Македонија преку платформата Sparkasse Life реализираше уште една донација како поддршка на проекти од областа на здравството. Донацијата има за цел подобрување на здравствените услуги преку логистичка поддршка што ќе им овозможи уште поефективно вршење на секојдневните обврски.

Претставници на Шпаркасе Банка денес во 11 часот ја посетија ЈЗУ „Завод за нефрологија“ Струга, со што воедно и ја реализираа донацијата на возилото „Citroen C4“, што од денес им е достапно за извршување на секојдневните потреби на Заводот.

Донација од Шпаркасе Банка Донација од Шпаркасе Банка

„Заводот за нефрологија – Струга е јавна здравствена установа, чија основна дејност е превенција, лекување и рехабилитација на бубрежни болни од Република Македонија и од регионот. Возниот парк на Заводот е во многу лоша состојба. Возилата со кои располагаме се речиси целосно амортизирани. Заводот, покрај обидите за набавка на возила од средствата со кои располага, а кои секогаш недостасуваат, се обрати на повеќе адреси со барање за донација на возило. Прва во пресрет на ваквото барање ни излезе Шпаркасе Банка Македонија, која преку нејзината платформа Sparkasse Life, денес ни донираше возило Citroen C4. Оваа донација многу ќе го подигне квалитетот на здравствената заштита што им ја пружаме на пациентите. Заводот ѝ искажува голема благодарност на Шпаркасе Банка Македонија за донацијата, со надеж дека и во иднина ваквата соработка успешно ќе продолжи“ – изјави директорот на Заводот за нефрологија, д-р Александар Попоски.

Донација од Шпаркасе Банка

Со реализација на проекти, Шпаркасе Банка повторно ја покажува својата посветеност и придонес кон подобрување на условите во здравствените институции, како и постојаната грижа за заедницата. Овој, како и сите проекти што се дел од платформата Sparkasse Life, имаат и една повисока цел - да бидат инспирација и поттик за активно вклучување во подобрувањето на условите за живот на сите во општеството.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Ерсте и Шпаркасе Групацијата, која се состои од 49 штедни банки со речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Република Австрија. Воедно, таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратегиска ориентација кон регионот на Западен Балкан придонесува и Шпаркасе Банка Македонија да претставува доверлив партнер за своите клиенти. Заедно со банките ќерки во Австрија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и во Црна Гора, таа е дел од сеопфатните банкарски мрежи во регионот – Штаермеркише Шпаркасе, која со својата билансна сума од 15 милијарди евра, 2.751 вработен и 233 експозитури и регионални центри опслужува околу 702.414 клиенти во земјите од регионот на Југоисточна Европа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9503 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.