Почетна » Новости » Занимливости » Доброто со добро се враќа: Волонтери декорираа дом на семејство кое посвојува бебиња со неизлечиви болести

Доброто со добро се враќа: Волонтери декорираа дом на семејство кое посвојува бебиња со неизлечиви болести

Кори Салчерт и нејзиниот сопруг Марк веќе 5 години несебично им помагаат на бебиња со неизлечиви болести, згрижувајќи ги во нивниот дом и примајќи ги со отворено срце во нивното семејство. Па на нивната несебичност и добрина, беше возвратено со добар гест од страна на волонтери.

Имено, доброволци се здружија за да ја декорираат куќата на семејството за божиќните празници, бидејќи Кори и Марк имале „полни раце работа“ и не можеле да си издвојат време за да внесат празничен дух го својот дом.

Волонтери декорираа дом на добродушно семејство Волонтери декорираа дом на добродушно семејство

Брачниот пар има осум биолошки деца, кои се на возраст од 17 до 25 години, но и покрај тоа, тие им помагаат на дечиња кои биле напуштени од родителите, само затоа што се родиле со некаква болест.

Од 2014 година, семејството Салчерт се грижи за 2-годишниот Чарли (за кого докторите прогнозирале дека нема да го прослави вториот роденден). Тие моментално имаат згрижено и три бебенца на 18-месечна возраст.

Волонтери декорираа дом на добродушно семејство Волонтери декорираа дом на добродушно семејство Волонтери декорираа дом на добродушно семејство Волонтери декорираа дом на добродушно семејство

Посветените партнери изјавиле дека им недостасувала енергија за празнично декорирање. „Ден за ден, многу се изморувам и се обидувам да издржам. Ги извршувам сите секојдневни обврски и ми стана рутина. Но, ми недостасува вишок енергија за божиќната сезона“ – вели Кори.

Волонтери декорираа дом на добродушно семејство Волонтери декорираа дом на добродушно семејство Волонтери декорираа дом на добродушно семејство Волонтери декорираа дом на добродушно семејство Волонтери декорираа дом на добродушно семејство

„Ова семејство и нивната мисија ме погоди в срце. Како што велат тие, ниту едно дете не треба да умре само. Како родител, моите деца се мојот свет. Тоа што постојат деца кои немаат никого покрај себе само заради тоа што се родени поинакви, навистина ме трогнува“ – изјавил еден од волонтерите.

ВИДЕО

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11461 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.