Почетна » Новости » Занимливости » Делете бакнежи! Денес е Светскиот ден на бакнувањето

Делете бакнежи! Денес е Светскиот ден на бакнувањето

Бакнувањето е универзален јазик кој сите го зборуваме. Бакнувањето е моќен гест кој како река може да ги излее врз друга личност нашите најдлабоки чувства на љубов, грижа, страст, приврзаност, верност, почит, пријателство. Бакнежот е прекрасен трик создаден од природата за да го сопре говорот кога зборовите се излишни...

Бакнеж

Денес е Светскиот ден на бакнувањето, па не се штедете и опсипете ги најмилите со што повеќе бакнежи. По повод овој неофицијален празник, прочитајте неколку интересни факти за бакнувањето:

  • Науката за бакнувањето се вика филематологија (истражување на бакнежот).
  • Мажите кои ги бакнуваат своите сопруги наутро живеат подолго од оние што не ги поздравуваат со бакнеж.
  • Светскиот рекорд за најдолг бакнеж го држат Екахај и Лаксана од Тајланд. Нивните усни се допирале цели 58 часа, 35 минути и 58 секунди на „маратон за бакнување“ во 2013 година.
  • Најголем дел од луѓето се сеќаваат на повеќе детали од својот прв бакнеж, отколку од своето прво сексуално искуство.
  • Додека се бакнуваат, околу две третини од луѓето ја навалуваат главата на десната страна.
  • Усните се стотина пати почувствителни од врвовите на прстите и имаат милиони нервни завршетоци.
  • Просечна личност поминува две недели (20.160 минути) од својот живот во бакнување.
  • Брзиот бакнеж активира само два мускули и согорува само 2-3 калории. Страсниот француски бакнеж активира 34 мускули од вашето лице и помага да согорите 26 калории за една минута.
  • Страсните бакнежи го покачуваат крвниот притисок, го забрзуваат ритамот на срцето и ја зголемуваат возбудата, што ве носи поблиску до оргазам.
  • Бакнеж
  • Бакнувањето е добро за забите. За време на бакнување се лачи повеќе плунка во устата. Со тоа се „мијат“ штетните наслаги на забите кои водат до кариес.
  • Кога се бакнувате, вашето срце чука побрзо и повеќе кислород стигнува до вашиот мозок.
  • Исто како што секоја снегулка е различна, секој отпечаток од усните е уникатен и посебен.
  • 50% од луѓето го доживеале својот прв бакнеж пред да наполнат 14 години.
  • Во 1439 година, кралот Хенри VI го забранил бакнувањето во Англија за да го спречи ширењето на болести низ кралството.
Бакнеж Бакнеж Бакнеж Бакнеж Бакнеж

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9499 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.