Почетна » Новости » Занимливости » Девојка со витилиго која долго време ги криела белите дамки сега гордо го покажува своето тело

Девојка со витилиго која долго време ги криела белите дамки сега гордо го покажува своето тело

„Девојката со светот насликан на нејзиното тело“ – вака Аш Сото се опишува себеси.

Девојката која страда од витилиго конечно научи да си го сака своето тело и сега самоуверено ги покажува белите дамки по кожата.

Аш Сото Аш Сото

„Се повлекував од сè и од сите. Се обидував да бидам среќна и да се смеам, но со текот на времето толку многу се исполнив со омраза кон себеси, што престанав да ги правам нештата кои ги сакав. Беше толку лошо, што не сакав да ги гледам луѓето в очи и сакав да бидам затворена цело време. Така, развив анксиозност и депресија“ - вели таа.

Аш си ги покривала дамките со шминка, што ѝ помогнало да развие одлични вештини за шминкање. Така, таа одлучила да направи профил на Instagram, каде ќе споделува трикови за шминкање.

Кога забележала дека на социјалните мрежи се ретки реални личности кои искрено ќе зборуваат за нивниот живот, Сото одлучила да направи промена.

Во 2016 година, таа ја објави првата фотографија која ја откри нејзината состојба и доби многу комплименти и пофалби на социјалните мрежи.

Аш Сото Аш Сото Аш Сото Аш Сото

„Сакам да продолжам да ја подигнувам свеста за витилигото и да истакнувам колку е важно да се сакаме себеси. Се надевам дека ќе ги инспирирам другите да се прифатат себеси онакви какви што се“ – вели таа.

Аш Сото Аш Сото Аш Сото Аш Сото Аш Сото

„Не бев родена со витилиго. Го добив со растењето, што беше најтешкото нешто низ коешто минав. Но, сега кога гледам наназад, среќна сум што минав низ тоа, бидејќи немаше да бидам толку силна колку што сум денес“ – вели Аш.

Аш Сото Аш Сото Аш Сото Аш Сото

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11178 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.