Почетна » Новости » Занимливости » Гуте Фрухте во октомври со раст од +20%

Гуте Фрухте во октомври со раст од +20%

По извонредната продажба во август и септември, Гуте Фрухте оствари исклучителни нови +20% раст во месец октомври во Тинекс маркетите (кои поради својата големина и распространетост се земаат за основен продажен репер). Пазарното учество веќе надмина извонредни 10% за асортиманот на Гуте Фрухте кој е составен од само 4 вкусови, споредено со конкуренцијата која располага со многу повеќе.

Гуте Фрухте

Гледано по вкусови, Мултифрут на Гуте Фрухте и понатаму ја држи убедливо првата позиција пред сите останати додека праската и јаболкото се секогаш во првите 3, што се смета за огромен успех, имајќи ја во предвид силната конкуренција која има долгогодишна традиција и присуство на пазарот. Бројките покажуваат дека според продадени парчиња во последниот завршен месец, сите четири вкусови на брендот Гуте Фрухте се наоѓаат во топ 10 листата на најпродавани. И по завршувањето на промотивниот продажен период, Гуте Фрухте е позициониран под високите ценовни нивоа на конкуренцијата и сè уште го има најдобриот сооднос цена-квалитет.

Вкусот Мултифрут на Гуте Фрухте, трет месец по ред е најпродаваниот коктел на пазарот и еден од првите три најпродавани сокови вкупно гледано по продадени количини. Интересно е да се истакне дека во првите три места на најпродаван сок во земјава, две припаѓаат на 100% портокал кој во асортиманот на Гуте Фрухте сè уште не е достапен во Македонија. Пазарот покажува дека за ваквите вкусови навистина постои широк интерес кај нас и токму поради тоа Тотал Брендс (носителот на лиценцата за Гуте Фрухте) во многу скоро време планира да стартува со новата палета на вкусови кои ќе го вклучат и новиот 100% портокал и боровница нектар.

Гуте Фрухте е креиран по швајцарски рецепт за кој клучните состојки се заштитени и доаѓаат од најпознатиот светски производител на рецепти со седиште во Швајцарија. Гуте Фрухте е производ кој се произведува во Македонија, а за кој сите права на брендот се пренесени со лиценца на Тотал Брендс. Се пакува во еколошка FSC амбалажа (www.fsc.org) на најпознатиот шведски производител на ваква амбалажа - Тетрапак. Производите не содржат конзерванси.

Извор: market research analytics Еден на Еден

Користените податоци се потврдени од: Тинекс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10618 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.