Почетна » Новости » Занимливости » Гиторн - магичното и бајковитото село наречено „Венеција на Холандија“

Гиторн - магичното и бајковитото село наречено „Венеција на Холандија“

Кога ќе ви дојде преку глава од динамичниот начин на живот и неподносливата градска бучава, време е за кратко бегство во магичното село Гиторн.

Гиторн се наоѓа во Холандија и се нарекува „Венеција на Холандија“ или „Венеција на Северот“, затоа што во стариот дел од идиличното селце не постојат патишта и улиците се всушност канали.

Холандската туристичка атракција има околу 2.600 жители и за нивните потреби се изградени повеќе од 180 дрвени мостови.

Гиторн Гиторн Гиторн

На официјалниот сајт на Гиторн пишува дека во овој дел владее мир и тишина и дека „најгласниот звук кој нормално може да се слушне е квакањето на патка или звуци од други птици.“

Гиторн Гиторн Гиторн Гиторн Гиторн Гиторн

Бајковитото село изобилува со зеленило и стари градби во стилот на 18-тиот век, а секоја од нив доаѓа со добро зачувана и одржана градина.

Разгледувањето на ова магично место е возможно само со чамец или брод.

Гиторн Гиторн Гиторн Гиторн Гиторн Гиторн Гиторн Гиторн Гиторн Гиторн

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10386 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.