Почетна » Новости » Занимливости » „Ги заменив стомачните со среќа“: Девојка која се опседнувала со килограмите тврди дека е посреќна откако се здебели

„Ги заменив стомачните со среќа“: Девојка која се опседнувала со килограмите тврди дека е посреќна откако се здебели

Патот до среќата на Мери Џелковски е навистина мотивирачки.

22-годишната девојка од САД во тинејџерските години се опседнувала со килограмите и изгледот, но сега научи да го сака своето тело и тврди дека е многу посреќна откако се здебели.

На нејзиниот блог „Mary's Cup of Tea“ и Instagram профил, Мери постојано споделува фотографии од својата трансформација и ги мотивира следбениците да не се стремат кон „совршен изглед“.

„Додека сите ми кажуваа колку добро изгледам, колку сум фит, колку сум посветена, моето ментално здравје се распаѓаше“ – вели таа во мотивациски говор за Ted Talks. „Бев опседната со сè што влегуваше во мојата уста, а не беше во мојата пропишана диета“ – додала таа.

Мери Џелковски Мери Џелковски

Од рана возраст не бев среќна со сопственото тело. Страдав од булимија уште од 11-годишна возраст, но никогаш не знаев дека сум болна, бидејќи сите околку мене беа на диети и се опседнуваа со изгледот.

На 16 години, започнав да учествувам на бикини натпревари, мислејќи дека со тоа ќе го контролирам моето однесување и конечно ќе го имам „совршеното тело“.

Станав опседната со сè што е поврзано со фитнес. Тренирав неколкупати дневно и се изгладнував себеси секој ден, во обид да останам „слаба“.

Она што мислев дека ќе ме „излечи“, ме оштети уште повеќе.

Сметав дека клучот до среќата е да постигнам одреден изглед: да бидам слаба, фит и убава.

По вториот натпревар, станав платен фитнес модел и добивав толку многу внимание поради моето „совршено тело“. Но, имаше друг демон во мене. Неконтролираното јадење.

По секоја ваква „епизода“ на прејадување, паѓав во кома од храна, а следниот ден вежбав уште повеќе.

Еден ден, Мери одлучила дека е време да престане да се казнува себеси и да биде понежна со сопственото тело.

Во 2016 година, се преселила во Канада, каде 2 години се обидувала да научи како да се сака себеси. Денес, таа е среќна и самоуверена личност, која ги сака своите облини.

„Ги заменив стомачните со среќа“ – пишува таа.

Мери Џелковски Мери Џелковски Мери Џелковски Мери Џелковски Мери Џелковски Мери Џелковски Мери Џелковски

ВИДЕО:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11037 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.