Почетна » Новости » Занимливости » Гел за тело ќе ги замени контрацептивните таблети

Гел за тело ќе ги замени контрацептивните таблети

Добра вест за сите сексуално активни жени кои сакаат да ја избегнат бременоста: научниците создале гел кој ќе ги замени контрацептивните таблети.

Новиот гел е исто толку ефективен како и контрацептивните таблети, но не предизвикува странични ефекти како зголемување на тежината, акни, промени во расположението или главоболки, пишува DailyMail.

За да се заштитат од несакана бременост, потребно е жените еднаш дневно да се намачкаат со мало количество гел на своите раце, нозе, рамена или стомак. Гелот наречен Nestorone Estradial може да го користат и мајките кои дојат затоа што не навлегува во млекото.

КонтрацепцијаЗа да се заштитат од несакана бременост, потребно е жените еднаш дневно да се намачкаат на стомакот со мало количество од новиот гел

Научниците од Њујорк велат дека гелот ги содржи хормоните естроген и прогестерон, исто како и повеќето контрацептивни таблети. Но, разликата е што содржи друг тип на прогестерон, наречен Nestorone, па поради тоа, истражувањата покажале дека гелот предизвикува многу помалку странични ефекти.

Револуционерниот гел е создаден во центарот за истражувања Population Council во Њујорк и би требало да биде достапен за неколку години.

Првичните истражувања, во кои учествувале 18 жени на возраст од 20 до 40 години, покажале дека гелот е подеднакво ефективен како и контрацептивните таблети и дека жените се посклони да го користат затоа што лесно може да стане дел од нивните секојдневни третмани за разубавување.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10502 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.