Почетна » Новости » Занимливости » Волшебните фотографии на Кирсти Мичел посветени на нејзината покојна мајка

Волшебните фотографии на Кирсти Мичел посветени на нејзината покојна мајка

Фотографиите на Кирсти Мичел ќе ве остават и без зборови и без здив. 36-годишната талентирана фотографка создава волшебни фотографии кои се олицетворение на најмагичните соништа.

Прекрасните уметнички фотографии се дел од проектот на Кирсти „Wonderland“, посветен на нејзината покојна мајка, која починала од тумор на мозокот.

„Wonderland започна летото 2009 година и трае речиси 3 години. Започна како спомен за мојата мајка Морин која почина седум месеци претходно. Мајка ми беше учителка по англиски и помина повеќе од 30 години инспирирајќи генерации деца со своите приказни. Ја изгубивме поради тумор на мозокот, кој ја остави премногу слаба за да може да се врати дома во Англија од мало француско село каде што отидоа со татко ми по пензионирањето. Наместо погреб со нејзините поранешни ученици, имавме мал семеен собир, што ми го скрши срцето и почувствував потреба да направам нешто што никогаш нема да дозволи таа да биде заборавена“ – пишува Кирсти на својот сајт, објаснувајќи што ја поттикна да започне со овој голем проект.

Фотографии на Кирсти Мичел

По смртта на мајка ѝ, Кирсти започнала сè повеќе да избегнува да се соочи со реалноста и „бегала“ од тажното секојдневие во светот на фотографијата. На почетокот планирала да направи само неколку фотографии, но проектот растел и растел.

Секој костим, секоја перика и секој реквизит се создадени од Кирсти и нејзини пријатели. Фотографиите изгледаат нереално, па на почетокот многумина сметале дека се резултат на Photoshop. Поради тоа, Кирсти започнала за секоја фотографија да го опишува процесот на снимање и нејзините обожаватели и критичари имале можност да видат всушност колку труд е вложен во секоја од нив.

Фотографии на Кирсти Мичел

На почетокот Кирсти работела само во слободното време, но на крајот на минатата година ја ставила на пауза 10-годишната кариера како модна дизајнерка за да се посвети целосно на финиширањето на проектот.

Наскоро нејзините фотографии ќе бидат претставени на изложби, а исто така ќе биде издадена книга.

„Сè уште има многу работи кои треба да бидат завршени, но за првпат во 3 години се гледа крајот. Не знам што носи иднината, но знам дека денот кога ќе го видам името на мајка ми испечатено на внатрешната страна на корицата на книгата „Wonderland“ ќе почувствувам дека конечно си го исполнив ветувањето што си го дадов... и нејзините скапоцени спомени“ – пишува таа.

Погледнете ги фотографиите кои се рај за очите:

Фотографии на Кирсти Мичел Фотографии на Кирсти Мичел Фотографии на Кирсти Мичел Фотографии на Кирсти Мичел Фотографии на Кирсти Мичел Фотографии на Кирсти Мичел
Фотографии на Кирсти Мичел Фотографии на Кирсти Мичел
Фотографии на Кирсти Мичел Фотографии на Кирсти Мичел Фотографии на Кирсти Мичел Фотографии на Кирсти Мичел
Фотографии на Кирсти Мичел Фотографии на Кирсти Мичел
Фотографии на Кирсти Мичел Фотографии на Кирсти Мичел Фотографии на Кирсти Мичел Фотографии на Кирсти Мичел

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10600 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.