Почетна » Новости » Занимливости » Во чест на новородениот принц, во Бутан засадени 108.000 дрвја

Во чест на новородениот принц, во Бутан засадени 108.000 дрвја

На 5 февруари, жителите на Бутан со огромно задоволство ја дочекаа веста за раѓањето на нивниот принц. Доаѓањето на свет на првото дете на кралицата Џецун Пема Вангчук и кралот Џигме Кесар Намѓел Вангчук беше соопштено на Facebook.

Кралицата Џецун Пема Вангчук и кралот Џигме Кесар Намѓел Вангчук Кралицата Џецун Пема Вангчук и кралот Џигме Кесар Намѓел Вангчук Кралицата Џецун Пема Вангчук и кралот Џигме Кесар Намѓел Вангчук

Покрај бројните честитки и добрите желби на социјалните мрежи, малиот принц доби уште еден подарок – 108.000 дрвја засадени во негова чест.

Секое од 82-те илјади домаќинства засади по едно дрво, додека останатите 26.000 беа засадени од волонтери.

Кралицата Џецун Пема Вангчук и кралот Џигме Кесар Намѓел Вангчук Кралицата Џецун Пема Вангчук и кралот Џигме Кесар Намѓел Вангчук

„Во будизмот, дрвото е давател и хранител на сите форми на живот. Тоа симболизира долговечност, убавина и сочувство. Секоја фиданка содржи молитва и желба од личноста која ја засади за Неговото Кралско Височество Принцот за тој да порасне здрав, силен, мудар и милосрден“ – рекол координаторот на иницијативата.

Кралицата Џецун Пема Вангчук и кралот Џигме Кесар Намѓел Вангчук

Бутан се прослави со својата практика на садење дрвја во 2015 година, кога жителите поставија Гинисов рекорд, засадувајќи 50.000 дрвја за само еден час.

Кралот и кралицата на Бутан стапија во брак во октомври 2011 година, а во ноември минатата година објавија дека очекуваат машко дете.

Кралицата Џецун Пема Вангчук и кралот Џигме Кесар Намѓел Вангчук Кралицата Џецун Пема Вангчук и кралот Џигме Кесар Намѓел Вангчук Кралицата Џецун Пема Вангчук и кралот Џигме Кесар Намѓел Вангчук Кралицата Џецун Пема Вангчук и кралот Џигме Кесар Намѓел Вангчук Кралицата Џецун Пема Вангчук и кралот Џигме Кесар Намѓел Вангчук

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11111 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.