Почетна » Новости » Занимливости » Внатрешен градник за подигање на градите

Внатрешен градник за подигање на градите

Внатрешен градник

Сигурно многупати сте помислиле колку би било убаво да не треба да носите градник, а вашите гради да изгледаат подигнати и убаво обликувани. Епа сега таа ваша желба може да ви се исполни, со помош на новиот внатрешен градник.

Внатрешниот градник Cup&Up е новитет создаден од израелскиот пластичен хирург Eyal Gur, наменет да им помогне на сите жени кои сакаат да имаат подигнати гради.

Оваа иновација кошта многу помалку, отколку стандардната операција за подигање на градите и се прави со локална анестезија. Операцијата трае кратко, а закрепнувањето е брзо.

Првата операција за вградување на внатрешен градник е направена пред 3 недели, а жената која ги доби првите импланти од ваков тип се чувствува одлично.

„Операцијата помина одлично и жената, која е во своите 30-ти години, закрепна целосно“ – изјави Ави Коен, претставник на компанијата што стои зад Cup&Up градникот.

Операцијата трае само 40 минути, а пациентката може да биде оперирана наутро и за ручек истиот ден да ја напушти болницата. Внатрешниот градник е сличен по форма како и обичниот градник, а е направен од истиот силикон кој што докторите веќе го користат за импланти на градите.

За време на операцијата, под секоја града се прават два реза помали од 1 сантиметар и низ нив на длабочина од еден сантиметар од кожата се поставуваат силиконските чашки. Потоа хирурзите поставуваат мали ленти од издржлив материјал, за да го држат градникот цврсто. Лентите се зацврстуваат на ребрата помеѓу градите и рамената. Силиконските чашки се подигаат на посакуваната висина и така пациентката добива подигнати гради со природен изглед.

Заинтересираноста за оној новитет е огромна и веќе стотици жени чекаат да добијат внатрешен градник.

Ова можеби нема да е крајот на нормалните градници, но ние покажавме дека е возможно со мала операција да им дадеме на жените внатрешен градник, кој што можат да го носат цел живот.

Eyal Gur, создавачот на Cup&Up градникот

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.