Почетна » Новости » Занимливости » Вирална фотографија од лузна којa спаси живот: Бебенце мирно спие до лузната од царскиот рез на мајка си

Вирална фотографија од лузна којa спаси живот: Бебенце мирно спие до лузната од царскиот рез на мајка си

Црно-бела фотографија на која бебенце спие до лузната од царскиот рез на мајка си забрзано го обиколува светот.

Фотографијата е дело на Хелен Алер, која снимила фотосесија со мајката уште пред породувањето. За време на средбите, таа дознала дека мајката е преплашена од помислата за царски рез. За жал, за време на породувањето дошло до компликации и мајката изгубила многу крв, па бебето се родило со итен царски рез.

Операцијата им го спасила животот и на мајката и на новороденчето.

Бебе

„Таа мораше да се породи со итен царски рез. Ме повика да ја направам оваа слика за да покаже дека нејзиниот најголем страв им ги спаси животите и на двајцата“ – објаснила Алер.

Фотографијата допрела до над 7 милиони лица и поттикнала многу мајки да ги споделат своите приказни од раѓањето на нивните деца.

„Го родив мојот син со царски рез, па ова ми буди многу емоции. Колку храбра мајка и фантастична фотографија“, „Можно е да треба да се породувам со царски рез... преплашена сум! Оваа слика ме инспирира. Честитам“, „Оваа фотографија е прекрасна. Не можам да не се поврзам со емоциите кои извираат од неа“, „Жените се прекрасни, имаат дарба да даваат живот“... тоа се само неколку од коментарите на социјалните мрежи.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10402 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.