Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Татко со букет цвеќе ја покани ќеркичката на состанок за Денот на вљубените

ВИДЕО: Татко со букет цвеќе ја покани ќеркичката на состанок за Денот на вљубените

Татко имаше малку поинаков состанок од другите на Денот на вљубените.

Тревор Обри ја покани малата ќеркичка Окли да излезе со него преку писмо кое ѝ го остави покрај кацига.

„Окли, пред сите момчиња во твојата група во градинка да те поканат на состанок, јас сакам да те одведам на состанок татко-ќерка. Да се сретнеме кај влезната врата за еден час“ – пишувало во писмото.

На вратата, Тревор се појави со букет цвеќе и ја прегрна ќеркичката кажувајќи ѝ дека изгледа прекрасно.

„Изгледаш прекрасно душо. Ти ги донесов овие цвеќиња, иста боја се како твојот фустан“ – ѝ рече тој.

Тревор ја одведе Окли на сладолед, а потоа се упатија заедно да возат ролшуи и да играат игри.

@madtayobray I hope every boy treats her like he does #dad #daughter #date #love ♬ Dads and Daughters - MaRynn Taylor

Видеото го сподели сопругата на Тревор и напиша дека се надева дека секое момче што таа ќе го има во иднина ќе се однесува кон неа како нејзиниот татко.

Тревор негува прекрасен однос со малата ќерка, која честопати го нарекува свој најдобар пријател.

Окли Окли Окли Окли

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11872 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.