Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Зашеметувачки настап на магионичар кој 10 години сонувал да стане татко

ВИДЕО: Зашеметувачки настап на магионичар кој 10 години сонувал да стане татко

Магионичар ги остави без зборови публиката и жирито во шоуто Britain’s Got Talent. За време на емотивниот настап, тој откри дека со сопругата 10 години се бореле со неплодност, а кога најпосле успеала да забремени, нејзе ѝ бил дијагностициран рак.

Видео

Марк Спелман доби громогласен аплауз не само за своите вештини, но и за смелоста да ја раскаже својата приказна.

Имено, 46-годишниот илузионист и сопругата Теса 10 години се обидувале да имаат дете и по 7 обиди за забременување со инвитро, нивниот сон се остварил. За жал, во текот на бременоста на Теса ѝ бил дијагностициран рак на дојка и таа морала да прима хемотерапија во блажена состојба.

Марк Спелман

„Со Теса се обидувавме да имаме бебе околу 10 години“ – рекол тој, објаснувајќи дека пред да дознае дека е бремена преку испитување на крвта, Теса направила домашен тест за бременост кој бил негативен. „Тоа беше бизарен момент. Таа почна да плаче, бидејќи 10 години се обидувавме. Не можеше да се воздржи. Тоа јас го класифицирам како вистинска магија“ – рекол Марк.

„Бевме во најеуфоричниот период кога Теса најде грутка на градата. Ѝ реков дека треба да ја провери и не беше добро – Теса имаше агресивен тип на рак на дојка. Туморот беше голем, па ни рекоа дека мора да мине низ хемотерапија и мастектомија. Единствените зборови што ѝ излегоа од уста беа: ‘Што ќе биде со моето бебе?’, реченица која кажува каква е Теса. Имавме пеколни денови. Теса помина низ редуциран третман со хемотерапија за Изабела да биде безбедна, но Теса ја изгуби косата и мораше да се подложи на мастектомија... Изабела се роди два месеци предвреме со царски рез за Теса да може да помине низ радиотерапија и низ потежок тип хемотерапија“ – објаснил Марк.

Марк Спелман Марк Спелман Марк Спелман Марк Спелман

Спелман ја испреплети својата тешка животна приказна во својот настап и ги расплака присутните и водителот Ант МекПартлин, кој на крајот го притисна златното копче за да го одведе Марк директно во полуфиналето.

Марк Спелман Марк Спелман Марк Спелман Марк Спелман

A post shared by IamSPELMANN (@iamspelmann) on

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11041 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.