Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Емотивниот момент кога девојче болно од рак ќе го прегрне татко си по 7-неделна разделба поради изолацијата

ВИДЕО: Емотивниот момент кога девојче болно од рак ќе го прегрне татко си по 7-неделна разделба поради изолацијата

Пандемијата со коронавирусот раздели многу семејства и принуди бројни родители на одреден период да живеат настрана од своите деца. Таков бил случајот и со Мила Шнедон и нејзиниот татко.

Четиригодишната Мила, која боледува од рак, и татко ѝ биле разделени седум недели и се гледале само преку стакло. Имуниот систем на малото девојче е веќе нарушен поради болеста, па поради тоа нејзиниот татко морал да биде во изолација неколку недели, за да биде сигурен дека не е носител на вирусот пред да се врати во нивниот дом.

Емотивниот момент кога тие за првпат ќе се прегрнат по изолацијата ќе ве разнежни:

„Може ли да добијам мала прегратка?“ – ѝ вели татко ѝ во видеото, по што Мила го прегрнува со солзи во очите.

Таткото секој ден доаѓал пред нивната куќа за да ја види својата ќеркичка преку стакло. „Не ѝ кажавме на Мила дека нејзиниот татко се враќа дома, таа мислеше дека тој доаѓа само да ја посети преку прозорецот како и претходно, но тој ја изненади и влезе внатре“– изјавила мајката на Мила.

Мила со татко си Мила со татко си Мила

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11173 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.