Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Емотивна песна на тинејџер за неговата баба која страда од деменција

ВИДЕО: Емотивна песна на тинејџер за неговата баба која страда од деменција

Тажната песна на талентиран тинејџер за неговата баба со деменција допре илјадници срца низ светот.

15-годишниот Хари Гарднер ја напишал емотивната балада „Not Alone – Song for Alzheimer’s“ откако неговата баба, која има Алцхајмерова болест, не го препознала за време на семејна посета.

Во песната, Хари пее за неподносливата болка да гледаш како губиш сакана личност поради болеста и копнежот по убавите моменти. „Ги објаснив сите нешта кои ги правевме заедно, како тоа дека таа секогаш носеше чоколадо кога доаѓаше на посета и ме галеше по косата, кажувајќи ми колку лоша фризура имам“ – вели Хари.

„Те молам кажи ми дека се сеќаваш на мене... Кажи ми да го земам далечинскиот управувач за да го гледаме твоето омилено шоу. Разбушави ми ја косата и кажи ми дека е лоша, кажи ми дека имаш чоколадо во твојата чанта, кажи ми колку сум пораснал и покажи ми дека не сум сам“ – пее Хари во песната.

Хари ГарднерХари Гарднер и баба му Хари Гарднер и баба му

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11461 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.