Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Дали мажите и жените се еднакви?

ВИДЕО: Дали мажите и жените се еднакви?

Актерот Даниел Крег ја покажува својата женствена страна во краток филм за поддршка на правата на жените, направен по повод Меѓународниот ден на жената. Новиот „Џејмс Бонд“ буквално влегува во женски чевли, фустан и руса перика за да ја потенцира нееднаквоста со која жените се соочуваат насекаде низ светот.

На некои можеби видеото ќе им изгледа хумористично, но зад него се крие вистинска порака.

На почетокот Даниел се појавува облечен во костум како агент, а во позадина се слуша гласот на неговиот шеф од тајните служби, Ем.

Даниел Крег

Во видеото се кажува дека иако е 2011 година, мажите заработуваат повеќе пари од жените, дури и ако ја работат истата работа, помалку се осудуваат за промискуитетно однесување и имаат многу мали шанси да бидат сексуално злоупотребени.

Потоа Ем му се обраќа на Даниел со зборовите: „За некој кој многу ги сака жените, се прашувам дали некогаш си се запрашал што значи да се биде жена“. Во тој момент Даниел се оддалечува од камерата и се враќа облечен како жена.

Даниел Крег

Во остатокот од видеото се набројуваат некои факти за нееднаквоста:

  • Жените се одговорни за 2/3 од работата која се врши насекаде низ светот, а сепак заработуваат само 10% од вкупниот приход и поседуваат само 1% од имотите.
  • Секоја година 70 милиони девојчиња се лишени дури и од основно образование, а 60 милиони се сексуално злоупотребени на патот до училиште.
  • Најмалку една од секои четири жени е жртва на домашно насилство.
  • Секоја седмица само во Велика Британија две жени се убиени од својот сегашен или поранешен партнер.

Видеото завршува со зборовите: „Па, дали сме еднакви?“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11174 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.