Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: „Благодарам мамо“ – емотивна реклама на „P&G“ за ЗОИ

ВИДЕО: „Благодарам мамо“ – емотивна реклама на „P&G“ за ЗОИ

Додека светот им аплаудира на успешните спортисти, познатата компанија „Procter & Gamble“ го врти вниманието кон личностите кои стојат зад нив уште од самиот почеток – нивните мајки.

Еден месец пред почетокот на Зимските олимписки игри во Сочи, Русија, компанијата повторно ја активира кампањата „Thank you, Mom“ со која покажува дека мајката е таа која секогаш стои зад своето дете за да го охрабрува и да го подигнува на нозе по секој негов пад.

Во новиот спот „Pick Them Back Up“, мајки им помагаат на своите деца да ги надминат сите пречки за да ги остварат нивните соништа.

Рекламниот спот кој ќе ве разнежни веќе има над 1,4 милиони прегледувања на YouTube.

Минатата година „Procter & Gamble“ им ги насолзи очите на милиони луѓе со спотот „Best Job“, со кој покажа дека мајчинството е најтешката, но и најубавата работа на светот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11953 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.