Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Бет Шек – жената која има 1200 пара чевли од кои 700 „лобутинки“

ВИДЕО: Бет Шек – жената која има 1200 пара чевли од кои 700 „лобутинки“

Бет Шек е меѓу ретките среќнички кои имаат можност да си направат импресивна колекција од чевли. Таа поседува 1200 пара обувки, од кои 700 доаѓаат од рацете на Кристијан Лобутин.

Бет ШекБет Шек пред нејзината колекција

„Мојата љубов кон обувките започна кога имав 16 години и оттогаш не прекинала“ – изјавила Шек за WWD.

А како Бет заработува за да си го пружи ова задоволство? Таа е професионален покер играч. По секој турнир во којшто учествува, 41-годишната мајка на три деца си купува нови обувки.

Кога ќе го видите нејзиниот плакар, сигурно ќе забележите дека повеќето чевли имаат црвен ѓон, препознатлив за Лобутин. „Ив Сен Лорен е на второ место затоа што нивните чевли се комфорни. Го сакам Ланвин, но не сум човек што ги гледа брендовите. Ако видам нешто убаво, го купувам“ – објаснила таа.

Среќен пар обувки за покер натпревари: „Парот што Волтер Стајгер го направи за мене, затоа што обувките се едни единствени. Тоа се розови салонки со мал црн пик.“

Среќниот уникатен пар салонки на БетСреќниот уникатен пар салонки на Бет

Најскапи обувки: „Чевли од алигаторска кожа од Кристијан Лобутин. Беа над 4000 долари.“

Ѕирнете подлабоко во плакарот на Бет:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11523 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.